Оперативниот систем на Apple, iOS се смета за најнапреден оперативен систем во светот. Всушност, има голема вистина во горенаведениот исказ. Apple-овиот оперативен систем име безброј импресивни карактеристики и можности. Со iOS можете да користите многу повеќе отколку повици, пораки, сурфање, фотографирање и дремење на социјалните мрежи.

  1. Говорниот асистент Siri може да Ви чита.

Говорниот асистент Siri е дигитален говорен асистент кој што може да направи многу повеќе од кажување на насоки на движење и да Ви ја кажува временската прогноза и да Ви одговара на прашањето “Siri, do You love me?”. Siri може и да Ви чита ако го побарате тоа од неа. Само треба да ја овозможите опцијата Speech Tool и нејзините две главни функции, Speak Selection и Speak Screen за да ги искористите можностите на Siri.

Како да активирате:

  • Одберете Settings од главното мени
  • Одберете General
  • Одберете Accessibility
  • Одберете ја опцијата Speech
  • Активирајте ги опциите Speak Selection и Speak Screen
  1. Не заборавајте да купите леб.

Апликацијата Reminders е одлична за сите нас кои имаме проблем со помнењето на некои работи кои треба да ги направиме. Уште подобро работи доколку се користи со локациските сервиси на iOS. Siri може да ја искористите за да креирате некој потсетник. На пример, кажете и на Siri: Hey Siri, remind me to call my girlfriend when I get home. И така, Siri автоматски ќе креира потсетник за да и се јавите на Вашата девојка кога ќе пристигнете дома.

  1. Вибрациите не мора да бидат монотони.

Дали сте знаеле дека можете сами да креирате ритам на вибрации на Вашиот iOS уред? Тоа можете да го направите на следниот начин:

  • Одберете Settings од главното мени.
  • Одберете Sounds
  • Од менито Sounds одберете Sounds and Vibration Patterns и изберете за кое ѕвонење сакате да креирате сопствен ритам на вибрации
  • Кликнете Create New Vibration

Тогаш може да почнете со забава. Откако ќе завршите само одберете Save.

  1. Дознајте каде се наоѓаат Вашите пријатели и членови на семејството

Доколку имате пријатели или пак деца со кои сакате да ја споделите Вашата локација и да ја знаете нивната во секое време, тоа можете да го направите со опцијата на iOS, Find My Friends. Како да активирате:

  • Од главното мени одберете Find Friends
  • Кликнете на Add
  • Додајте го e-mail контактот со кој што сакате да ја споделите локацијата.
  1. Пронајдете го или избришете го далечински Вашиот уред.

На секој од нас може да му се случи да го изгуби својот смартфон или да му го украдат. Тоа е непријатно искуство, најмногу поради тоа што на нашиот смартфон имаме приватни податоци, фотографии, информации за кредитни картички … Со опцијата Find My iPhone можете далечински да го пронајдете или да ги избришете сите податоци на Вашиот уред.

  • Од главното мени одберете Settings
  • Одберете iCloud
  • Одберете Find My iPhone

Горните чекори се за да ја активирате опцијата. Следните чекори се за да го пронајдете или да ги избришете податоците од Вашиот iOS уред:

  • Од Mac, Компјутер или од некој друг уред кој има пристап до интернет одете на страната https://www.icloud.com
  • Внесете ги личните username и password
  • Од главното мени избирате Find iPhone
  • Го внесувате Password-от доколку тоа го побара
  • Во горниот дел ќе се појави All Devices (почекајте 1 минута за да се појави уредот)
  • Го селектирате уредот којшто сакате да го пронајдете
  • Избирате Lost Mode или Erase iPhone

 

Претходна статијаКнига во секој дом – Младите автори ќе се дружат со читателите од 20-ти до 31-ви јануари
Следна статијаGoogle го гаси стариот Google+ и додава три нови функции