chrome-logo

Од оваа недела достапна е 47-та верзија од најкористениот прелистувач, Google Chrome. Спремен за инсталирање на десктоп платформите, односно на Windows, Linux и OS X, Chrome 47 донесува подобрување на перформансите, како и исправка на повеќе безбедносни пропусти.

Главната промена во оваа верзија, која што исто така е поврзана со подобрувањето на перформансите, е тргањето на центарот за известувања. Оваа промена беше најавена во октомври, па не би требало да ги изненади повеќето корисници.

Друга причина поради која што оваа промена не би требало да биде гледана како негативна е информацијата од Google која што покажува дека многу мал број од корисниците ја имаат користено функцијата. Ова посебно ќе стане случај со зголемување на бројот на Windows 10 корисници, оперативен систем кој што има сопствен центар за известувања.

Поддршката за известувања останува во Chrome, односно не треба да биде помешана со центарот кој што претставуваше само едно централизирано место каде што корисниците можеа да ги видат сите пристигнати и непроверени известувања.

Повеќе информации околу нови функции во оваа верзија од прелистувачот Google ќе даде во периодот што следи преку посебна блог објава, а сега истакнати беа само големиот број на безбедносни пропусти кои што биле исправени.

Се работи за 41 безбедносен пропуст, а дел од нив се откриени со помош на програмерите кои што добиваат пари како награда за нивното пријавување.

Најновата верзија на Chrome можете да ја инсталирате директно од прелистувачот или да ја симнете целосно преку следниот линк.

Симни го Google Chrome за десктоп

Извор: Chrome Releases Blog, 9to5Google, ZDNet

Претходна статијаYahoo размислува да го продаде нивниот главен бизнис?
Следна статијаSamsung ја претстави втората генерација од Galaxy A серијата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.