Microsoft Teams е апликација наменета за разговори помеѓу тимови, односно истата е наменета во главно за компаниите и е тука да го замени Skype for Business. Microsoft ја претстави оваа апликација по добивањето на голема популарност на Slack, апликација која може слободно да се каже дека е искористена како „инспирација“ од страна на Microsoft за нивната Teams.

Овие апликации се покажаа како популарни поради тоа што корисниците добиваат можност за разговори кои покрај стандардните еден на еден, може да се прават во посебни групи. За разлика од групните разговори кои се достапни на Skype, како и на останатите апликации, овие се прават на посебни теми, наречени канали, па организацијата на разговорите е многу повеќе погодена за разни тимови во компаниите.

Microsoft Teams со тек на време почна да ја стига популарноста на Slack, а тоа посебно стана случајот по пуштањето на бесплатна верзија, а дотогаш за користење на Teams мораше да се има платена претплата на Office 365 за компании.

Со додавањето на нови функции, Microsoft Teams го стигна Slack во многу области, иако за доста компании Slack уште е главниот избор, а во некои и го надмина. Една работа која остана како „маана“ на Teams е недостапноста на Linux.

Можеби овој оперативен систем не држи толку голем дел од пазарот, сепак кога се во прашање компаниите, процентот е доволно голем за да еден ваков сервис го земе во предвид сериозно. Тоа посебно станува случајот кога ќе се земе во предвид дека Slack е достапен на Linux.

Информацијата дека Teams ќе стане достапен на Linux доаѓа како одговор од вработен во Microsoft кој работи на овој и поврзани производи на прашање поставено на UserVoice. Се истакнува дека на развојот активно се работи, но нема информација за тоа до каде е развојот.

Оваа информација како вест е интересна и поради уште една причина. Microsoft изминатите години е се поблизок со Linux заедницата, односно со заедницата за отворен код, нешто што порано беше незамисливо.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2UserVoice
Претходна статијаSamsung во соработка со партнерите ќе овозможи целосна поддршка од апликациите за Galaxy Fold
Следна статијаПознатиот алтернативен прелистувач Vivaldi ја доби својата прва Android верзија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.