Ќе почнам веднаш од главното: тешко прашање, признавам, но одговорот е …зависи.

Лично, мојот „пик“ е Better Call Saul. Еве зошто.

Но, прво малку интро. За оние кои не ја знаат Better Call Saul, па да се чудат на муабетов. Станува збор за spin-off од Breaking Bad, за развојот на Џими МекГил, пред да стане воопшто Сол Гудман (име кое Џими го избра бидејќи звучи како „it’s all good, man“), односно адвокат на Волтер Вајт. Серијата е сместена некаде пред Волтер Вајт да дознае дека има рак. Како и да е, за оние кои ја немате гледано, гледајте ја – серијата е ремек-дело. И (ми) е подобра од Breaking Bad.

(се враќаме на темата) Зошто?

Прво, лично Сол е подобар и позабавен лик од Волтер. Има надеж за него, иднината му е отворена, можностите неограничени (за разлика од Хајзенберг). Ако сака да оди по чесниот пат – и подосадниот. Секако, не би бил Сол ако го избере тој пат, нели?

Боб Оденкирк, актерот кој го глуми Сол, е феноменален.

Сепак, главно ја обожавам серијата од едноставна причина – реална е колку што може да биде. Самото темпо на серијата е бавно, „тивко“, но тензијата постојано се акумулира во позадина, од мали секојдневни сплетки. Карактерите се комплексни, нема црно бело иако генералното чувство е меланхолично. Во секој од нив е „всадена“ самодеструктивност – како и во Breaking Bad, ликовите постојано некако завршуваат на погрешен пат иако често од причини кои се чинат морално оправдани.

Човек може да се поврзе со ликовите. И да е збунет што е ок, за кого да навива.

Уште поинтересен момент? Не можеш да ја сместиш серијата лесно во било кој жанр. Епизодите одат од драма до трилер-акција. Хуморот е (не-секогаш) суптилен и циничен. Одличен!

Без разлика кој е подобра серија – муабетот е само teaser – Better Call Saul е феноменален дел од Breaking Bad, ја оформува целосната слика на приказната. И не се пропушта.

Ме чека 4-та сезона.

п.с. За оние кои не се убедени од муабетот, еве „посериозен“ review:

 

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.