Само што го изгледавме Bаndersnatch на Netflix – филм од Black Mirror серијалот (и универзумот).

Оценка? 9/10 (10ки не давам бидејќи секогаш има простор за подобро:)). Филмот е возбудливо револуционерен.

Еве зошто, во кратки пет параграфи (без „спојлери“).

1. Bаndersnatch е филм на Чарли Брукер, во универзумот на Black Mirror. Новина е што станува збор за првиот „интерактивен филм“ каде што гледачите учествуваат во приказната. Имено, во одредени моменти на гледачот му се дава опција да избере што ќе направи протагонистот и на каде ќе се развива приказната (т.н. “branching narrative”). Така, филмот трае нормално 90мин за приказната да доживее свој крај – но ние го „возевме“ (или не „возеше“?) скоро три саати низ разни сценарија и избиравме различни судбини за протагонистот.

2. Приказната на филмот е лоцирана во 1984 година. ИТ компанија во подем склучува договор со програмерот Стефан за „choose-your-own-adventure” компјутерска игрица (мета-наратив) инспирираната од сличен тип на книга. Стефан има психичко растројство кое се развива во параноја како почнува да се соочува со проблеми во финализирање на игрицата во договорениот рок.

3. На многумина приказната не им е „нешто посебно“. Мислам дека квалитетот на сценариото (иако сосема солидно) е секундарен, подреден на интерактивноста што е иновативниот елемент во филмот. Опциите кои ги има гледачот се дизајнирани на начин и со лимитации кои ги има и протагонистот во филмот. Во одредена смисла, Bendersnatch и си поигрува со нас – не тера да осетиме како му е на Стефан, дека изборот е можеби илузија а дека всушност можеби и ние не контролираме ништо во приказната?

Стигнавме ние до момент кај што компјутерот му објаснува на главната улога дека го гледаме на Netflix :), па и вртевме на психијатарот да помага. Баш лудо, на моменти и језиво. Trippy mindfuck. Критичарите се согласуваат.

4. Bаndersnatch е само почеток на сосема нов момент во историјата на телевизијата. Можностите за интерактивност се неограничени. Возбуден сум – го пишувам текстов во 04.00 сабајле.

Дајте му шанса на филмот и бидете трпеливи и љубопитни. Филмот те вози одлично и е pure fun – особено за во друштво. Секоја иновација на почеток треба време да се прифати, „да легне“, но гледајте ја големата слика. Замислете го Hannibal со интерактивен елемент – или Mindhunter (со профилирањето и интервјуата со сериските убици). Или нашата „На терапија“ каде што гледачот избира што ќе го прашува пациентот (или обратно, што пациентот ќе кажува на психијатарот).

5. Да сумираме: зошто 9/10. Поради се горенаведено, да не се повторувам. Enjoy & have fun.

Претходна статијаСнимка од слетувањето на „темната“ страна од Месечината од страна на кинеското летало Chang’e 4
Следна статијаCosmo Communicator е PDA уред кој работи на Android и Linux
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.