Кога отидов во кино да го гледам новиот филм со Бред Пит (и Томи Ли Џонс; другите се појавуваат по некоја минута) буквално немав ништо читано за филмот. Ниту го гледав трејлерот. Само претпоставував дека е научна-фантастика (СФ).

Следуваат спојлери…

За што станува збор? Кусиот plot e – Бред Пит е астронаут кој е целосно посветен на својата работа, без никаков баланс помеѓу неговиот приватен живот и работата. Неговиот татко, Томи Ли Џонс, бил легенда астронаут, исчезнат на неговото последно патување во deep space барајќи вонземска интелегенција.

Откако се појавуваат чудни извори на електрични шокови кои можат да го дестабилизираат и онака веќе монотониот живот во нашиот Универзум, а армијата (на САД?) се сомнева дека потекнуваат од бродот на Томи Ли Џонс, го праќаат Бред Пит да се обиде да стапи во контакт со својот татко.

И почнува неговото патување длабоко во вселената. Тука филмот е одличен – потсеќа на Gravity – и со право го сметаат за „најреалниот приказ на вселената досега на филм“. Едноставно, се изгледа реално, како еден вид документарец во кој има минимално текст. Паралелно, со меланхоличното патување на Бред Пит низ бесконечната вселена, го следиме и неговото патување во сопствената психа и во сеќавањата на татко му.

Филмот визуелно е преубав и иако приказната навидум е едноставна истата е и длабоко хуманистичка и некако медитирачка.  

Филмот не знам колку може да го сместиме во СФ жанр. Всушност, станува збор за класика бавна минималистичка драма за астронаут и неговото осознавање и балансирање на приоритите на животот – фамилија vs. работа, татко vs. себе.

Секако, минималистичката атмосфера во 2-те часа од филмот ја исполнува прекрасната музика на Макс Рихтер и режијата на Џејмс Греј, па во најмала рака ќе уживате во бавното возење.

Ad Astra има одлични критики, но не очекувајте вонземјани. Бидејќи најверојатно, и онака, во овој наш неограничен Универзум само ние сме тука. А ние сме истовремено и едноставни битија и истовремено неверојатно комплексни. И сме неограничен извор за истражувања.

Претходна статијаMicrosoft Surface Pro X е потенок Surface Pro кој работи на ARM процесор обично користен кај мобилните уреди
Следна статија„Рекет“ или обични пазари во гејминг индустријата? (1/3)
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.