kupi-kniga-top-20

Што најмногу читаа и купуваа Македонците изминатата 2015 година можете да видете од топ 20 листата на најпродавани книги што ја објави онлајн книжарницата КупиКнига.мк. На првото место се најде книгата „Ако не постои утре од авторот Гијом Мисо. Воедно, Гијом Мисо е најпродаваниот автор за 2015, со вкупно 4 негови дела во топ 20 листата.

На второто место се искачи Зозе Мургоски со својот Англискомакедонски и Македонскоанглиски речник со граматика, а третото место припадна на книгата „ Спаси ме “ од Гијом Мисо. Од македонските автори само Зозе Мургоски се најде на оваа листа на 20-те најпродавани книги.

„Трендот на купување книги од жанрот на белетристиката последователно 3-та година е најактуелен. Трилерите, љубовните и еротските книги се оние што будат најголем интерес кај читателите“ изјави Елена Јолевска, Продукт менаџер на КупиКнига.мк

Во прилог е целосната листа на топ 20 најпродавани книги во 2015 година:

  1. Ако не постои утреГијом Мисо
  2. Англискомакедонски и Македонскоанглиски речник со граматикаЗозе Мургоски Спаси меГијом Мисо
  3. Една неодолива љубовЏули Џејмс
  4. И одеднаш едно летоЏули Џејмс
  5. Кога мене ќе ме немаКолин Оукли
  6. Тајната на сопруготЛиен Мориарти
  7. ГрејЕ. Л. Џејмс
  8. Казна за гревот; Ноќта кога дојдоа сватовите. Кн. 1 Јелена Бачиќ Алимпиќ
  9. Во врска со онаа ноќЏули Џејмс
  10. Затоа што те љубамГијом Мисо
  11. 1984Џорџ Орвел
  12. Големи мали лагиЛиен Мориарти
  13. Последната пролет во ПаризЈелена Бачиќ Алимпиќ
  14. Седум години подоцнаГијом Мисо
  15. Светот не е фабрика за исполнување желби Џон Грин
  16. Светското зло и беда наследството на 13 династии на илуминатите Робин де Рајтер
  17. Ејми ја немаЏилијан Флин
  18. На една свадбаЏули Џејмс
  19. Kazna za greh Noć kada su došli svatoviJelena BačićAlimpić

За КупиКнига.мк

КупиКнига.мк е првиот македонски портал за електронска трговија со книги кој всушност претставува агрегатор на понудата од скоро сите издавачки куќи во Македонија и регионот. Моменталната понуда брои над 47.000 изданија на македонски, српски, англиски и албански јазик од најразлични жанрови. Позади КупиКнига.мк стои iVote, водечка компанија специјализирана за технологии за модернизација на изборни процеси, системи за електронска трговија и електронско учење. iVote Demokra е платформа за управување со изборни процеси, изработена според најсовремени технологиии. Обезбедува високо ниво на безбедност и транспарентност во информацискиот менаџмент. До денес, повеќе од 119 милиони гласачи ширум светот и веруваат на Demokra технологијата.

Претходна статијаНаучниците можеби конечно ги открија гравитационите бранови
Следна статија„Ендава“ од Скопје ќе испорачува ИТ-проекти за глобалната осигурителна компанија „Бизли“
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments