Поранешниот директор на Microsoft, Steve Ballmer чие што богатство се проценува на 21,3 милијарди долари, стана сопственик на NBA клубот LA Clippers. Сумата која што ја има исплатено на претходниот сопственик изнесува 2 милијарди долари, со што официјално го купи клубот. Зделката е комплетирана по одлуката на судот во Los Angeles во корист на Ballmer, по спорењето на продажбата од страна на поранешниот сопственик Donald Sterling.
Правниот проблем има настанато поради спорењето на правото на продажба на клубот од страна на жената на поранешниот сопственик. До ситуацијата да клубот биде продаден од страна на неговата жената е дојдено по излегувањето на снимка каде што тој е снимен како дава расистички забелешки на неговата девојка. Поради тоа клубот запаѓа во криза поради откажувањето на соработката од страна на повеќе спонзори, а и закани од повеќето играчи дека ќе се откажат од клубот доколку тој остане како негов сопственик.
Апелациониот суд во Los Angeles одлучува во корист на Steve Ballmer, како и жената на Sterling, со што и се одобрува правото да го продаде клубот во името на нивната фамилија.