За разлика од нашиот град, а и повеќето градови во светот, има и такви каде што велосипедистите имаат посебен третман во сообраќајот и за нив се градат посебни ленти. Најчесто тие ленти се само означени и се дел од главната улица, меѓутоа се повеќе се оди во правец на нивно физичко издвојување од остатокот од улицата, а со тоа и потенцијалната опасност од автомобилите.
Меѓутоа колку и да се издвоени велосипедските патеки од улиците, тие сепак во одредена точка мора да се спојат, тука мислејќи на раскрсниците каде што мора да дојде до разминување и пресекување на патот на движење. Следниот концепт се однесува токму на овој дел од велосипедските патеки, поаѓајќи од претпоставката дека остатокот од патеката е доволно заштитен.
Концептот се базира на изградба на посебни таканаречени острови на четирите страни од раскрсницата чии што агли ќе бидат физички издвоени од остатокот од раскрсницата. Ова ќе овозможи да велосипедистите стојат на издвоен дел кој што се наоѓа подлабоко во раскрсницата, каде што автомобилите нема да може да возат. Исто така при чекање на семафорот, автомобилите кои што се движат во ист правец со велосипедистите, ќе стојат многу поназад што ќе им овозможи поглед кон нив, а со тоа и свесност за нивната присутност. Доколку велосипедистите сакаат да свртат десно, тие тоа слободно може да го направат со целосна издвоеност од остатокот од улицата.
Тие што сакаат да ја преминат улицата, односно да продолжат да се движат напред или да направат свртување десно, ќе бидат во позиција која што им овозможува многу помал дел од раскрсницата да треба да го поминат, а со тоа и помало време кое што ја го намалува времето поминато на улица. Поради поставеноста на островите, автомобилите кои што вртат на десно имаат повеќе време да ги видат велосипедистите кои што сакаат да ја поминат улицата, а со тоа и повеќе време да реагираат, односно да застанат.
Додатна работа која што ја подразбира овој концепт е поставање на додатни семафори наменети специјално за велосипедистите. Овие семафори може да бидат наместени да им даваат предност на велосипедистите, односно некогаш ќе бидат вклучени неколку секунди пред тие на автомобилите, а во други ситуации би биле вклучени само за велосипедистите, додека автомобилите од сите страни на раскрсницата ќе стојат.
Извор: Wired, Protected Intersection