Cisco објави дека има намера да го купи шведскиот Tail-f Systems за околу 175 милиони долари. Ова изгледа сосема разумно за софтверска компанија која заработи околу 30 милиони долари минатата година и е добро усогласена со растечките Software-defined networking (SDN) и Network Function Virtualization (NFV) пазари. Станува збор за лидер во мулти-вендорска оркестрација на мрежни сервиси за традиционални и виртуелизирани мрежи чии клиенти се AT&Т и Deutsche Telekom AG.
Сервис-провајдерите се под голем притисок, бидејќи од една страна оперирањето со волуменот на сообраќајот како и проширената инфраструктура предизвикува да управувањето со мрежите биде поскапо и покомплексно, а од друга страна зголемената конкуренција ги намалува приходите и ги форсира сервис провајдерите да што побрзо воведат нови сервиси. Корисниците бараат од Cisco да користи cloud технологија за да достави нови сервиси со поголема агилност и помали трошоци. Клучот за решавање на ситуацијата е поедноставување на операциите и замена на традиционалниот, бавен модел со автоматизиран пристап во реално време.
Tail-f понуди платформа за таканаречена Network Service Orchestration за да се ослободи од монолитниот софтвер за оперативниот систем за поддршка (OSS), кој според компанијата е причината која ги спречува операторите да добијат брзини и агилност кои се очекуваат од SDN и НFV. Нивниот концепт е одвојување на мрежните сервиси од специфичните мрежни компоненти со автоматско конфигурирање на мрежата според спецификациите на сервисот.
Со аквизицијата на Tail-f ќе се забрза стратегијата на cloud виртуелизација на Cisco за доставување на софтвер кој ќе ја зголеми вредноста на корисничките апликации и сервиси, при тоа поддржувајќи ја долгогодишната посветеност на Cisco кон отворени стандарди, архитектури и мулти-вендорски околини. Со технологијата на мрежна оркестрација ќе се автоматизира обезбедувањето и управувањето со физичките и виртуелните мрежи. Решенијата на Tail-f се подеднакво применливи за денешните мрежни проблеми и следната генерација на вмрежување базирана на NFV и мрежна програмабилност.
“ Иновативниот и талентираниот тим на Tail-f е лидер во развојот и имплементацијата на NETCONF протоколот и YANG јазикот за податочно моделирање, кој е водечкиот индустриски пристап за поедносавување и автоматизирање на мрежите. Tail-f исто така има воодушевувачки тим од талентирани инженери. Додавањето на нивниот талент и технологија во нашата понуда, ќе го подобри начинот на кој Cisco ја решава мрежната оркестрација и ќе помогне во поедноставување и автоматизирање на обезбедувањето и управувањето со физичките и виртуелните мрежи ”, oбјави Hilton Romanski, потпретседател и раководител на бизнис развојот во Cisco.