Скопје, 22.05.2022- Ако мјузиклите за џубокс доаѓаат во бранови, во саботата (21.05.2022), Скопје доживеа значителен наплив. На уникатен пристап, истовремено забавен и задоволувачки, во Ист Гејт Мол, хип-хоп танчери ја покануваа публиката да креира сет-листа, по желба на секој гостин, а за тоа време тие играа. Несомнено е дека уживаа и едните и другите.

Ова вистински интерактивно искуство беше најава за Европското првенство во танци 2022 кое ќе се одржи од 02.07.2022 (сабота) – 05.07.2022 (вторник), во Ист Гејт Мол и СЦ Јане Сандански.

Почетокот на месец јули, Скопје ќе биде центарот на Европа и место за собирање, поврзување и размена на голем број македонски и странски Хип-Хоп артисти од светот на танцот, графитите и многу други улични уметности.

Во четиридневната богата агенда на Европското првенство во танци 2022, љубителите на уличната култура ќе уживаат во бројни креативни и интерактивни настани и работилници, а се очекуваат и многу изненадувања.

Запамети ги датумите и дојди на најголемиот спектакл ова лето.

Претходна статијаКавадарци и Неготино добија нова противпожарна опрема преку проект за меѓуопштинска соработка
Следна статијаQualcomm ги претстави Snapdragon 8+ Gen 1 и Snapdragon 7 Gen 1