Црвениот крст на Република Северна Македонија продолжуваа и понатаму да им даде поддршка на семејствата чии членови загинаа во пожарот кој се случи на 08.09.2021 година во модуларната болница за Ковид пациенти во Тетово во кој животот трагично го загубија 15 лица.

Еднократната парична помош која беше соопштена на јавноста е веќе реализирана, средствата се веќе префрлени на трансакциските сметки на семејствата на загинатите лица, со што е даден скромен придонес во ублажување на последиците од настанатата трагедија.

Со овој хуман чин се искажа висока општествена одговорност и грижа за населението во услови кога им е најпотребна.

Претходна статијаНова димензија на звукот – синергија на Samsung паметните телевизори и Soundbar системот
Следна статијаNetflix почнува со користење на AV1 кодекот кај телевизорите