15 април 2019 година – Интернационалната општествено – одговорна програма за деца, “Фудбал за Пријателство“ на компанијата “Газпром“ повторно ја започна својата еколошка иницијатива. Како дел од оваа иницијатива, 32 Интернационални Тимови на Пријателство се именувани по ретки и загрозени видови животни кои се дел од Црвената листа на загрозени животински видови.

Традиционално, Интернационалните Тимови за Пријателство ќе бидат формирани според главниот принцип на проектот “Фудбал за Пријателство“ и ќе бидат составени од Млади Фудбалери на 12 годишна возраст од различни националности, различен пол и физички способности. Оваа година, Светското првенство во Фудбал за Пријателство ќе се одржи во Мадрид од 28 мај до 2 јуни, а дел од него ќе бидат тимовите именувани како: “Азиски слон“, “Калифорниски Кондор“, “Тасмански ѓавол“ (месојаден торбар, загрозен вид од Тасманија), “Ориентален штрк“, “Фоса“ (карнивор со изглед на мачка, ендемичен вид од Мадагаскар), “Филипински крокодил“, “Снежен Леопард“, “Албатрос од Амстердам“, “Чинчила“, “Црвена панда“, “Сунда Панголин“ (попознато како Малајански или Јавански панголин), “Тату-канастра“ (Џиновско армадило) и други. Целата листа на имињата на Интернационалните тимови  можете да ја погледнете на https://myteam.footballforfriendship.com/.

Еколошката иницијатива на програмата е насочена кон зголемување на свеста за животната средина. За првпат во 2018 година, меѓународните тимови за пријателство беа именувани според загрозени видови животни. Како дел од оваа еко иницијатива, за време на завршните настани на минатогодишната сезона на проектот, превозот на учесниците се реализираше со помош на еколошки автобуси кои работат на гориво од природен гас. Воедно, на оваа иницијатива се приклучија Национални паркови и резервоари од целиот свет, меѓу кои од Русија, САД, Непал, Велика Британија. Оваа година, како дел од Интернационалниот Камп на Пријателството и Школата за Деветте Вредности, претставници на различни меѓународни еколошки организации ќе спроведат едукативни работилници за младите учесници на тема екологија. Финалните настани од овогодинешната сезона ќе се одржат во Мадрид од 28. мај до 1. јуни, за времетраење на финалето на Лигата на Шампиони.

Минатата година ни претставуваше големо задоволство што бевме поканети од страна на Организацискиот комитет на проектот “Фудбал за Пријателство“ да ги едуцираме децата од 211 земји и региони на тема екологија. Од голема важност е да се разговара со децата за заштита на природните ресурси, обединувајќи ги Младите учесници од овој проект од различни земји кои поддржуваат исти вредности. Се надеваме дека програмата, како и еко-иницијатива, и понатамошно ќе продолжат да се развиваат, а бројот на учесниците ќе се зголеми.” – вели Сергеј Арамилев (Sergey Aramilev), Генерален Директор на центарот “Amur Tiger“.

Претходна статијаStar Wars: The Rise of Skywalker е името на деветтата и последна епизода
Следна статијаПријавувањето на Виз Ер Скопски маратон се затвора на 22 април