Надградбите кои ги пушта Microsoft за Windows 10 редовно почнаа да имаат проблеми и покрај тоа што се тестираат на голема група на Insider корисници. Најчесто се јавува некој проблем, кој иако не е нешто посебно голем, е доволно за да се запре масовно пуштање на новата верзија на сите корисници.

Кога кажуваме дека процесот на надградба се запира, мислиме на тоа дека на корисниците нема да им биде понудена и пуштена новата верзија без разлика дали тие тоа го сакале или не. Корисниците кои се заинтересирани имаат можност да ја инсталираат.

На околу 4 месеци од официјалното пуштање на Windows 10 1903, односно May 2019 Update, надградбата е кончено целосно спремна за да им биде пуштена на сите корисници. Тоа посебно важи за корисниците на ланската 1803 верзија која за еден месец веќе нема да има поддршка, па Microsoft нема да им остави простор на корисниците дали да го надградат Windows 10.

Оваа информација доаѓа на само неколку недели од наредната надградба на Windows 10, која уште нема име, односно верзијата 1909. Со оваа надградба Microsoft ја менува практиката на 2 поголеми надградби во годината со нови функции, па отсега тоа ќе се случува еднаш годишно, додека втората надградба ќе биде повеќе резервирана за подобрување на перформансите, исправка на багови и слично.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаInstagram ќе добие темна тема, истата моментално е во тест фаза
Следна статијаНаучници ја разгледуваат можноста неоткриената деветта планета во сончевиот систем да е всушност мала црна дупка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.