Во услови кога надлежните институции препорачуваат ограничено движење на децата, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со препорака до родителите да бидат активни, креативни и да го исполнат времето на децата со едукативни активности и едукативни содржини. Оваа е време кога можете и треба да поработите заедно со децата и да ги научите како треба да се однесуваат со цел да бидат безбедни во сообраќајот. Во таа насока потенцираме дека сообраќајната едукација на децата никогаш не е доволна и никогаш не е досадна.

Согласно тоа РСБСП препорачува да се користи веб страната за деца  https://semaforko.mk/ каде што децата на креативен и забавен начин може да научат многу нешта за патниот сообраќај.

Поточно, на веб страната ќе најдете:

  • совети за децата за безбедно учество во сообраќајот
  • боенки со мотиви од сообраќајот
  • сообраќајно едукативна литература за деца
  • едукативни видео спотови за деца
  • тест за проверка на знаењето од областа на сообраќајот
  • корисни совети за родителите
  • други креативни содржини

Време е да се обноват знаењата во сообраќајот. Безбедни учесници во сообраќајот уште од најрана возраст.

semaforko.mk

#УЧИМЕСООБРАЌАЈ

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.