Ок, очигледно сме во пред-полициски час состојба. Конечно се разбра ризикот од епидемија. Клучно е сега да се минимизира на максимум близина со други луѓе (social distancing), да не се оди во маркети залудно (имате е-нарачки во Рептил и во некои други маркети), а и самите маркети да ограничат макс до 10 луѓе во исто време и редовно да дезинфицираат, итн.

Иако веќе свесноста е на високо ниво, ова се топ 10 материјали за вирусот ако сакате добро да разберете за што станува збор. Особено од аспект на политики за справување со вирусот.

1/ Systemic Risk of Pandemic via Novel Pathogens – Coronavirus: A Note. Оваа белешка од Талеб, Јанир и Норман, статистичари и експерти за управување со ризици од невообичаени настани, ми помогна да разберам дека станува збор за сериозен глобален ризик против кој е неопходно да примениме агресивна превенција. Едноставно, ако има голема веројатност дека неизбежно ќе имаш епидемија поради експоненцијалниот карактер на вирусот и глобалната поврзаност на сите земји, секој ден е драгоцено време. Повеќето европски влади не го разбраа типот на ризикот, па се случи тоа што се случи. Жалам што не успеав да најдам време да го преведам уште тогаш (крај на јануари) и да се обидеме да го рашираме низ социјалните мрежи. Секако, ова ќе биде лекција која ќе ја научиме од вирусот:

2/ Public Health Policies for Mitigating the Spread of COVID-19. Текст од Норман за политики за справување со ширењето на вирусот. Поентата е едноставна: земјите „имаат избор да го ограничат привремено меѓународното патување веднаш и да ја задржат националната мобилност, ИЛИ да ги одложат овие мерки и да бидат принудени да ја ограничат и меѓународната и националната мобилност во блиска иднина“. Текстот беше објавен на крај на февруари. Поголемиот дел од земјите задоцнија со затворање или контрола на граници. Овој текст го преведов на македонски јазик тука.

3/ Quarantines won’t save us from Coronavirus. Иако насловот е малку алармистички текстот објаснува што е разликата помеѓу карантин (пр. Дебар) и само-изолација (сите, после препораките на Министерството за здравство) и објективно ги адресира предностите и ризиците од овој пристап. Студиите покажуваат дека физичките бариери/изолации се корисна алатка во борбата против спречување на ширење на респираторни вируси (вклучително и затворање на школи и слични места каде што има голем број на луѓе во затворени простории пред или додека имаш неколку случаи само, како ние), но сепак пристапот носи свои предизвици.

4/ Preparing for Coronavirus to strike USA. Иако голем дел заразени ќе го прележат вирусот на нога или со симптоми на стандарден грип, возрасните и оние со нарушен имунитет може воопшто да не го преживеат. Дополнително, бидеји вирусот лесно се пренесува можно е да се случи епидемија во ист период – голем број заболени во ист период што ќе го оптерети капацитетот на јавното здравство и ќе ја намали достапноста на здравствени услуги и за другите проблеми. Текстот содржи препораки како секој од нас – од поединци, до фирми и влади – како да помогнат во успорување на ширењето на вирусот (flattening the curve) и да останат што подолго време дома, со минимизиран контакт со други луѓе.

5/ Dictatorships are Making the Coronavirus Outbreak Worse. Има неколку поенти тука. Прво, и емпириски е демонстрирано дека автократиите и диктатурите полошо се справуваат со кризи. Често прв приоритет на диктатурите е да потиснат „свиркачи“ кои често се првите кои укажуваат на некои системски ризици или пак да прикажат дека „се е под контрола“. Истото беше со Чернобил – истото денеска беше и со Коронавирусот (иако Кина се извади со последователните активности). Тешка ситуација станува трагедија од страна на лоши политики. Сетете се на поплавите кај нас пред неколку години – тоа беше трагедија која стана тешко фијаско од политички маркетинг и неспособност. Второ, слободниот проток на информации од разни извори во време на криза е клучно за подигнување на свеста, споделување најдобри практики, итн. кај што повеќе граѓани. И последно, во максимално глобализиран свет, автократии и диктатури се проблем за сите. Како државите ги решаваат „внатрешните проблеми“ може да има ефект врз сите нас. Од бегалците, до Коронавирусот, јасно е дека потребни се одредени минимум стандарди на владеење кои треба да ги практикуваат сите земји.

(продолжува)

Претходна статијаSemaforko.mk – Веб страна на РСБСП за сообраќајна едукација на децата
Следна статијаСоопштение од Макпетрол во врска со ситуацијата со COVID-19
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.