Темните теми кај оперативните системи и апликациите се популарни веќе доста време. Сите оперативни системи нудат можност за вклучување на ваква тема, а и повеќето популарни апликации го нудат истото.

Наредниот логичен чекор е темните теми да станат дел и од веб страните, па кога се околу нив е во темна нијанса, да се прилагодат и тие. Останува малку чудно за очите кога веб страните остануваат во својата светла верзија, а се околу е затеменето.

Главната страна на Google за пребарување изгледа ќе се прилагоди на овој тренд, па од компанијата тестираат автоматски вклучување на темна тема за страната, кога корисникот ќе ја посети со вклучена темна тема на неговиот оперативен систем.

Како што може да се види од насловната слика, позадината на страната е темно сива боја, а логото и текстот се бели. Истото се случува и при прикажувањето на резултатите од пребарувањето, па љубителите на ваквиот изглед на корисничкиот интерфејс, сигурно ќе бидат задоволни, како и очите посебно во ноќните часови.

Не е познато кога точно Google планира да ја официјализира оваа новина на нивната страна, па сега за сега таа останува само во тест форма која се појавува кај одреден број на корисници.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаEnvoice – софтверско решение за бизнис корисници
Следна статијаНова кампања од Intel ги промовира PC компјутерите на сметка на неколку недостатоци на Mac
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.