IP адресата е една „мала“, но клучна работа која е потребна за комуникацијата на интернет. Се што постои на интернет, односно сите сервери од каде доаѓаат веб страните, на кои функционираат апликациите и слично, имаат IP адреса, која претставува еден вид на начин на идентификација на локацијата каде се наоѓаат информациите, на пример на една веб страна.

Во денешно време, не само што бројот на веб страни е зголемен, веќе се користат многу повеќе уреди за пристапување до интернет, а ако на нив се додадат и домашните уреди кои влегоа во категоријата на интернет на нештата, односно паметниот дом, потребата од IP адреси веќе одамна се знаеше дека ќе се зголеми.

Поради тоа беше направен нов вид на IP адреси, наречен IPv6, кој може да има многу повеќе комбинации, па шансата за „потрошување“ е многу помала. Сепак користењето на IPv6 е многу помало од тоа што треба да биде, па дојде и денот кој се знаеше дека ќе дојде.

RIPE организацијата која е задолжена за издавање на IP адреси во Европа и уште неколку други региони, истакна дека ги има потрошено сите адреси кои може да ги издаде.

Тие ќе продолжат да издаваат адреси од тие кои редовно се ослободуваат, но таа бројка е доста помала од реалните потреби.

Решението е едноставно, па ќе видиме дали со ова ќе се забрза неговото имплементирање, а тоа е почнување на користење на IPv6 адресите. Со оглед на тоа дека овој систем е веќе поставен и развиен, се што треба е да почне да се користи од страна на бизнисите, односно хостинг компаниите и другите сопственици не сервери.

ИЗВОРRIPE
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаНова празнична понуда за остварување на сите желби
Следна статијаTwitter ќе почне да ги брише неактивните сметки на мрежата од идниот месец
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.