Фото: Shutterstock.com

Twitter од идниот месец, поточно според информациите од 11 декември, ќе почне да ги брише неактивните сметки и истите веќе нема да бидат достапни за корисниците.

Како неактивна сметка ќе се смета секоја на која корисникот се нема најавено повеќе од шест месеци, што според компанијата е доволно да се заклучи дека тој корисник не го користи Twitter.

Twitter нема само да ги избрише овие сметки без најава, односно корисниците кои не се активни, прво ќе бидат информирани преку мејл, по што тие може да решат да се најават на мрежата и да го тргнат ризикот од бришење на нивната сметка.

Од Twitter преку потврда на планот за TechCrunch истакнуваат:

Како дел од нашата посветеност да и служиме на јавната расправа, работиме на тоа да ги исчистиме неактивните сметки за да може да имаме повеќе точни и кредибилни информации на кои луѓето можат да им веруваат низ Twitter. Дел од овој труд е да ги мотивираме луѓето да активно се најавуваат и го користат Twitter кога ќе регистрираат сметка, како што е истакнато во нашата политика за неактивни сметки.

Twitter веќе има правила според кои неактивните сметки ќе ги брише, но според информациите тие тоа досега го немаат направено.

Една од предностите на бришењето на ваквите сметки, е што нивните имиња ќе се ослободат за да може друг да ги користи. Кога точно тоа би бил случајот не е познато, а сигурно нема да биде веднаш по бришењето на неактивната сметка.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаЕвропската организација за издавање на IP адреси остана без IPv4 адреси
Следна статијаА1 со атрактивна новогодишна промоција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.