YouTube најави дека ќе започне да ги „обележува“ содржините кои доаѓаат од медиумски куќи во државна сопственост. За потребата од ваков чекор од компанијата ја наведуваат поголемата транспарентност.

На компаниите од сферата на интернет информирањето воопшто не им е сеедно по низата скандали во кои актери беа дури и Facebook и Twitter. Промена на политиките кон државните новински агенции применија обете споменати социјални мрежи. Меѓутоа, интересно е да се забележи дека „санкциите“ беа насочени кон руските медиумски куќи во двата случаја.

Во случајот на Twitter, „настрадаа“ и руски Sputnik и RT. Додека случајот на Facebook не излезе со конкретни обвиненија, меѓутоа на мета беше повторно руската IRA. YouTube ваквите извори ги опишува како: целосно или делумно спонзорирани од владата на одредена држава. Сосема фер назив за нешто што несомнено се смета за пропаганда.

Покрај предупредувачката назнака на самото видео, замислено е над насловот на видеото да стои референца до соодветната статија на Wikipedia. Па така, корисникот ќе може да се информира за каков вид на извор се работи. Сето тоа е одлично замислено во теорија. Меѓутоа точноста на информациите или начинот на презентирање на впечатокот за одреден извор е монополизиран од страна на Wikipedia.

Функцијата е се уште на ниво на Beta верзија и е достапна само за корисниците од САД. Од YouTube одбија да излезат со конкретен список од медиумски куќи кои се за сега опфатени. Но според информациите од социјалните мрежи, замислете кој се најде на списокот: RT и Radio Free Asia.
Ќе беше чудно да пишуваше CNN или BBC…

Извор: USA Today, преку: Gizmodo

ИЗВОРGizmodo
ИЗВОР 2USA Today
Претходна статијаКоја е тајната на успехот на Pokemon Go?
Следна статијаЕколошки материјал кој не задржува дамки и мириси? Каде треба да платиме?