Одлука на германски суд, поточно суд во градот Минхен, е пример за тоа кога за донесените закони и правила излегува на површина дека не се донесени за целта која се тврди. Во овој случај, се работи за GDPR европскиот закон кој треба да ја заштити приватноста на корисниците, а од тука доаѓа веќе познатото и некогаш досадно известување на страните за користење на колачиња, за што треба да дадете дозвола.

Според судот во Минхен, вградувањето на Google Fonts на веб страните го прекршува GDPR, а за оваа практика тие казнија една веб страна со 100 евра. Според судот, вградувањето на фонтовите од Google, ја испраќа IP адресата на корисниците на серверите на Google и со тоа може да дојде до следење на корисниците.

Иако ова теоретски може да е точно, сепак не е нешто што реално се случува, а сигурно не од страна на веб страните кои го користат сервисот од Google за нивно дизајнирање. Казнувањето на веб страните за користење на Google Fonts е навистина претерано.

Според информациите, проблем ќе стане и користењето на Google Analytics, сервис од Google кој се користи за следење на посетеноста на страните. Конкуренција во овој дел и баш нема, а и таа што ја има ги користи истите методи како Google.

Приватноста на корисниците на интернет факт е дека не е баш најдобра, но треба да се внимава да не се претера со заштитата и во делови кои немаат врска со нејзино нарушување, а посебно кога тоа влијае на слободата на интернетот и бесплатното користење на содржината.

ИЗВОРThe Hacker News
Претходна статијаОценете го квалитетот на македонските е-продавници преку платформата Натапет.мк
Следна статијаNetflix го додаде Exynos 2200 во листата на поддржани чипови за стриминг во HD
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.