Galaxy S22 серијата ќе биде претставена на 9ти февруари на настан кој како и секогаш, ќе може да се следи во живо преку YouTube каналот на Samsung. Повторно се очекуваат три уреди, но оваа година се очекува Galaxy S22 Ultra моделот целосно да стане замена за Galaxy Note серијата.

За кратко оваа година излегоа шпекулации дека Samsung нема да го користи нивниот Exynos чип во Galaxy S22 серијата, па ова беше пренесено како одлична вест поради послабото покажување на чипот изминатите години во споредба со Snapdragon.

Сепак, Samsung го претстави Exynos 2200 неколку денови подоцна од очекувањата, поради што се појавија и шпекулаците, а од самата презентација може да се заклучи дека нема да дојде до промена на политиката, а корисниците ќе го добијат и првиот мобилен чип со поддршка за „hardware accelerated ray tracing“ и „variable rate shading“ со RDNA 2 архитектурата од AMD.

Како доказ дека нема да дојде до промена во политиката на Samsung за тоа кој чип каде се користи, се смета и додавањето на листата на поддржани чипови за стриминг во HD од страна на Netflix. Exynos 2200 е дел од оваа листа и доколку не е планирано да се користи во најдобрите уреди од Samsung, се смета дека Netflix не би го додале чипот уште пред да биде официјален во некој уред.

ИЗВОРXDA Developers
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаСпоред германски суд, вградувањето на Google Fonts на веб страните е спротивно на GDPR
Следна статијаБезбедниот шопинг, забава и уживање, главен фокус на Ист Гејт Мол
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.