Фото: Shutterstock.com

Како што повеќето од вас веќе имаат забележано, друштвените мрежи од Meta денеска целосно станаа недостапни за повеќето корисници во светот. „Падот“ на мрежите започна после 16 часот денеска, а статусот се’ уште стои дека проблемот се решава.

Проблемите предизвикаа одјавување од Facebook и Messenger и неможност за повторна најава, додека во случајот на Instagram мрежата не можеше да ги ажурира објавите.

Погодена од падот беше новата Threads, но според информациите, WhatsApp сервисот не бил погоден од што и да се случуваше со останатите мрежи од Meta.

Во овој момент мрежите повторно функционираат, иако можно е тоа да не е случајот кај сите корисници, а можни се и повторни „падови“. На страната на Meta статусот е поставен на „recovering“, па ќе видиме дали ќе има повторни проблеми.

Засега не е официјално објавено што го има предизвикано проблемот, па чекаме во периодот што следи да видиме за што се работи.

Претходна статијаПретставена наредната верзија од познатата Malwarebytes
Следна статијаInstagram доби можност за измена на испратените пораки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.