rodenden KK

КупиКнига.мк, најголемата електронска книжарница во Македонија, го одбележува својот четврт роденден со голема роденденска акција. 40.000 наслови на македонски, албански, англиски и српски јазик ќе може да се нарачаат со 25% попуст. Акцијата ќе трае четири дена почнувајќи од 31-ри март се до 3-ти април. Во овој период  читателите ќе можат да нарачуваат книги од најразлични жанрови.

„Постоиме и се развиваме четири години благодарение на поддршката што ја добиваме од нашите читатели не само од Македонија, туку од целиот свет. За таа цел, сакаме да ги почестиме љубителите на пишаниот збор со „парче“ книги по намалени цени. Голема благодарност им изразуваме и на нашите соработници, издавачите, кои постојано се трудат да го збогатат фондот на книги со литература за разноврсни вкусови. Нашата цел, да овозможиме лесна, брза и едноставна достапност на книгите насекаде во светот продолжува да се развива и реализира и понатаму.“ – изјави Елена Јолевска, Продукт Менаџер на КупиКнига.мк.

Понудата на КупиКнига.мк брои повеќе од 47.000 книги на неколку јазици, класифицирани во посебни жанровски категории и подкатегории како: атласи и енциклопедии, белетристика, детски книги, речници, стручна литература, монографии и многу други специфицирани области. Книгите се нарачуваат по електронски пат и се испорачуваат и доставуваат на домашна адреса насекаде во Македонија и светот.

За КупиКнига.мк и iVote

КупиКнига.мк е првиот македонски портал за електронска трговија со книги кој всушност претставува агрегатор на понудата од скоро сите издавачки куќи во Македонија и регионот.  Позади КупиКнига.мк стои iVote, водечка компанија специјализирана за технологии за модернизација на изборни процеси, системи за електронска трговија и електронско учење. iVote е прогласена за национален иновативен шампион на Европските бизнис награди 2015/16, а нивната платформа за изборни процеси, Demokra, изработена според најсовремени технологиии има обработено повеќе од 119 милиони гласови ширум светот.

Претходна статијаEVGA SC17 е мега моќен гејмерски лаптоп со можност за “overclock”
Следна статијаWindows 10 работи на повеќе од 270 милиони уреди
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments