МК Транспорт е сервис кој што веруваме дека досега е познат на поголемиот дел од македонската публика, а посебно на тие кои што често патуваат низ државата. Започна како апликација за Windows Phone, по што беше пуштена и Android верзија.
Овој сервис иако и досега беше достапен преку веб, може слободно да се каже дека првенствено беше наменет за користење преку мобилните апликации.
Со редизајнот кој што е направен на веб страната, таа сега станува исто толку корисна како и мобилните апликации, па корисниците можат да ги добијат потребните информации и кога работат на нивниот компјутер, што е многу попрактично отколку мобилна апликација.
Доколку сте веќе редовен корисник на МК Транспорт, веднаш ќе ја забележите разликата. Веб страната е целосно редизајнирана во модерен стил кој што е во голема мера инспириран од Материјалниот дизајн правец на Google. Страната исто така доаѓа и со ново лого кое што исто така е важен дел од промените.
Што се однесува до функционалноста, страната е поделена на табови кои што брзо и лесно ќе ве однесат на саканиот дел. Па така, достапни се возен ред, станици, превозници, а достапни се и повеќе корисни информации, како и новости кои што се организирани во форма на блог.
Страната сега вклучува и англиска верзија што сигурно ќе ги привлече корисниците кои што патуваат низ државата, меѓутоа не го говорат нашиот јазик.
Извор: МК Транспорт