Фото: Depositphotos

Повеќе од 8 милиони компјутери низ целиот свет „паднаа“ минатата година и направија застој на повеќе бизниси и институции како банки, болници, медиуми, ресторани и слично. Овој случај сега е познат како CrowdStrike инцидентот, а кратко кажано, беше предизвикан поради проблематична надградба на софтверот од компанијата. 

Една од причините поради која Windows компјутерите беа погодени, иако софтверот CrowdStrike е достапен и на други платформи, е начинот на којшто функционира овој систем. Во основа, безбедносниот софтвер, како и други видови на софтвер, имаат директен пристап до „kernel“ функцијата, исто како Microsoft, нешто што потенцијално може да претставува сериозен проблем, како што видовме. 

Поради тоа беше најавено дека Microsoft планира да ја промени политиката и да се приклучи на Apple и Linux дистрибуциите и да го тргне пристапот до „кернелот“ за апликациите. 

Од компанијата веќе започнаа со тестирање на оваа промена, а поради фактот што се работи за доста голема и сериозна промена, истото го прави во соработка со повеќе компании, како CrowdStrike, Bitdefender, ESET, Trend Micro и други. 

Овие компании наскоро треба да добијат приватен пристап до променетата платформа и да го прилагодат својот софтвер да функционира без пристап од „кернелот“. 

Се истакнува дека Microsoft оваа промена ја прави целосно во соработка со овие компании и не планираат да им наметнат ништо без претходна целосно консултација.

Пуштањето на оваа промена официјално ќе потрае, но од истата може да се очекува зголемување на безбедноста и стабилноста на Windows 11 во иднина. 

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаНова магистерска програма „Визуелни комуникации“ на Факултетот за ликовни уметности – Скопје
Следна статијаWhatsApp ја воведе можноста за сумирање на разговорите со помош на вештачката интелигенција
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.