Фото: Shutterstock.com

Повеќето програмери кои развиваат апликации за Android, имаат за цел нивната апликација да биде достапна преку Play Store продавницата. Сепак, Android како отворен систем овозможува инсталирање на апликациите и од други продавници, како и преку симнување на датотека од било која веб страна. 

Програмерите кои сакаат апликациите да ги овозможуваат преку овие „.apk“ датотеки, од идната година ќе мора да бидат верификувани од страна на Google за нивните апликации да можат да бидат инсталирани. 

Овој процес на Android популарно се нарекува „sideloading“, а очекувано тој претставува доста поризичен начин за инсталирање на апликации. Според Google, апликациите инсталирани надвор од Play Store имаат 50 пати повеќе малициозен код. 

Верификувањето на програмерите ќе биде само потврда на нивниот идентитет, а Google не планира да го проверува кодот на нивните апликации. Тие ќе можат да продолжат да ги поставуваат апликациите каде сакаат како и досега, односно на веб страни или на други продавници. 

Целта е да биде потврден идентитетот на програмерите кои развиваат апликации за Android, поточно за сертифицираните Android уреди, а од компанијата ова го споредуваат со проверката на пасошот на аеродромите. 

Со оваа новина Google се надева дека ќе стави крај, односно доста ќе ги намали ситуациите на пуштање на малициозни апликации кои најчесто се пуштани од страна на непознати програмери кои не ретко се претставуваат лажно. Кога малициозните апликации се откриени, тие само го менуваат идентитетот и повторно пуштаат други апликации. 

Google планира да овозможи нова програмерска конзола за програмерите кои објавуваат апликации надвор од Play Store, a процесот ќе започне од октомври оваа година кога ќе можат да почнат да ја тестираат одредени програмери кои ќе бидат поканети. 

Од идната пролет сите програмери ќе можат да почнат да ја користат оваа конзола, а официјалната промена на политика од страна на Google ќе почне да важи од септември 2026 во неколку земји кои имаат најголем проблем со малициозни апликации. 

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаЗакажан Apple настанот на кој ќе биде претставена iPhone 17 серијата
Следна статијаGoogle Translate добива помош од вештачката интелигенција и алатки за учење на јазици
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.