Пребарувањето преку Google веќе подолг период може да се направи преку темна тема, но за тоа треба да се користи мобилниот телефон. Иако мобилните телефони се главниот начин на сурфање на интернет во денешно време, десктоп компјутерите се далеку од мал фактор.

Главната страна на Google Search на десктоп сега може да се користи со темна тема, а оваа можност доколку уште не ви е достапна, ќе ја добиете во неделите што следат.

За вклучување на темната тема потребно е да се отиде на Settings во долниот дел од страната, па потоа на Search settings. Кога ќе се отвори страната за прилагодувања на левата страна треба да е достапна новата опција Appearance каде се достапни три можности, односно темна тема, светла тема, а може да се вклучи и автоматско менување на темата зависно од темата на компјутерот.

Со вклучувањето на темната тема во истата секако ќе се прикажуваат и резултатите, а од Google се имаат одлучено за пријатната темно сива боја, наместо целосно црна и често непријатна за очите, посебно во контраст со белите букви.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 29to5Google
Претходна статијаTwitter почна да воведува групи на мрежата наречени Communities
Следна статијаКрива Паланка – уште една општина со паметно улично осветлување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.