После месеци на тестирање, Twitter започна со пуштање на една од поголемите новини на мрежата досега. Се работи за можност за креирање на групи, нешто што одамна е стандардно кај Facebook, па иако не може целосно да се споредат овие две мрежи, сепак може да се каже дека е функција која фалеше на Twitter.

Групите на Twitter ќе имаат посебно име и ќе се викаат Communities. Од компанијата ги промовираат како места каде може да се разговара за вашите нешта со луѓе кои ве разбираат.

Communities се пуштаат постепено, што значи дека не се веднаш достапни за сите корисници. Исто така, за почеток се достапни на iOS и преку веб, а наскоро ќе бидат достапни и на Android.

Замислата е да во иднина, исто како и на Facebook, групите, односно Communities може да креира кој сака, а за почеток таа можност е ограничена кај одреден број на корисници.

Покрај тоа, темите кај достапните Communities се исто така ограничени, па за почеток се достапни „заедници“ за кучиња, временска прогноза, патики, нега на кожата, астрологија и слично.

Communities ќе бидат јавни, односно без разлика за која група се работи, секој кој сака ќе може да ги чита „твитовите“. Тоа што ќе биде ограничено е кој може да објавува, а тоа ќе биде овозможено само на членовите на групата, односно заедницата.

Секоја заедница ќе има модератор кој ќе одлучува на која тема ќе биде истата, а ќе може да праќа покани за приклучување на други корисници. Корисниците исто така можат да бидат поканети и од други членови.

Како што е стандардно во поново време, Twitter посебно внимание посветува на безбедноста во Communities, па истакнуваат дека корисниците ќе можат да ги пријавуваат објавите како што е случајот и сега со обичните објави.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Twitter
Претходна статијаCredissimo прославува 5 години пари навреме со подароци од 5.000 денари секој ден
Следна статијаGoogle Search на десктоп доби темна тема
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.