Фото: Shutterstock.com

Оваа година Google доста сериозно се имаат решено да се „справат“ со корисниците кои го користат бесплатно нивниот YouTube сервис, а не сакаат да гледаат реклами.

Последната мерка која беше потврдена од страна на компанијата подразбира мала пауза додека се отвори страната со видео, а сега се најавува и нова која директно ги погодува додатоците за блокирање на рекламите.

Во промените на Manifest платформата, поточно Manifest V3, кои ќе стапат на сила во јуни идната година, има новина за начинот на кој се проверуваат новите верзии од додатоците.

Google ја додава можноста да направат целосна ревизија на кодот, пред да ја одобрат ажурираната верзија, а ова ќе ја тргне можноста програмерите брзо да пуштаат нови верзии од нивните додатоци.

Според информациите, промените во кодот на YouTube се прават често и програмерите на додатоци пуштаат нови верзии соодветно за да се прилагодат. Со новиот процес на ревизија, тие веќе нема да можат да го прават тоа.

Со тоа, овие додатоци би станале помалку корисни, па тоа може и директно да се одрази и на бројот на корисници.

Сето ова покажува дека од Google сакаат корисниците да се претплатат на YouTube Premium или да им овозможат на закупувачите на рекламен простор максимален пристап до корисниците. Со оглед на тоа што од компанијата во главно живеат од реклами, мали се шансите дека ќе се откажат од оваа „борба“.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаПовеќе од гестикулација: Како функцијата за универзални гестикулации на часовникот Galaxy Watch ја подобрува пристапноста
Следна статијаViber воведе месечна претплата со која на претплатниците им овозможува ексклузивни функции
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.