Shutterstock.com

Google пред две години, односно на почетокот од 2020 година, најави дека во наредните две години планираат да ја тргнат поддршката за „колачиња од трети страни“ во нивниот прелистувач Chrome.

Оваа одлука е донесена со цел да им се овозможи поголема приватност на корисниците која е загрозена од овие едноставни и мали датотеки чија намена беше да бидат зачувани одредени прилагодувања за веб страните кои се посетуваат.

Сега истите се користат од страна на компаниите за огласување за следење на интернет активноста на корисниците со цел прикажување на реклами кои би ги интересирале корисниците. Поточно, при посета на некоја страна на која е достапен некој производ, подоцна корисникот може да добива реклами од таа категорија.

Проблемот секако не е во овој дел, туку во користењето на „колачињата“ да се следи активноста на корисниците на други страни.

Google не планираат само да ја тргнат поддршката за „колачињата“, па веќе работат на нивна алтернатива која ќе овозможи прикажувањето на важни реклами, но без нарушувањето на приватноста на корисниците.

Од компанијата тоа го прават преку нивната Privacy Sandbox иницијатива која веќе тестира втора алтернатива на колачињата од трети страни. Првата беше критикувана дека сепак не ја овозможува саканата приватност, но за втората досега не видовме поголеми критики, па би требало да биде пуштена по завршување на тестирањето.

Од Google истакнаа дека сепак периодот на развој на алтернативата, заедно со овозможувањето на програмерите да се прилагодат, ќе биде подолг од претходните најави. Наместо целата работа да заврши оваа година, како што претходно се најави, сега се очекува тоа да се случи до 2024.

До крајот на 2023 година повеќето корисници ќе им биде овозможено да се вклучат на тестот на Privacy Sandbox, па после тоа ќе биде пуштен системот официјално за сите.

Доста е важно ова да им успее на Google поради тоа што можноста за рекламирање е основата за бесплатниот интернет, односно можноста за бесплатна содржина. Проблемите со приватноста треба да се решат на начин кој нема да ја тргне оваа важна карактеристика, а дел од здруженијата за приватност треба да го разберат ова.  

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаРеновирана и модернизирана бензинската станица на „Макпетрол“ во Дебар
Следна статијаА1 Македонија воведува eSIM – Ново дигитално искуство
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.