Apple се’ уште ја нема потврдено оваа нова функција, но сепак истата може да се каже дека е потврдена преку проверка на кодот, а за неа се дознава преку неколку ситуации со обид на полицијата да отклучи iPhone. 

Во основа, iPhone со iOS 18 има нова функција која го рестартира телефонот кога истиот не бил користен, односно отклучен најмалку четири дена. Причината за ова рестартирање е подобрување на безбедноста на телефонот, односно отежнување за неговото пробивање кое сепак е можно кога бил користен. 

Начинот на којшто рестартирањето на телефонот го отежнува неговото пробивање е поврзано со клучевите за шифрирање на податоците кои кога се користи телефонот се чуваат во меморијата. По рестартирањето истите се тргаат од меморијата и пред првото отклучување тие не се ставаат во неа. 

Оваа состојба се нарекува „Before Frist Unlock“ и за истата се тврди дека прави да е скоро невозможно пробивањето на заштитата, односно шифрирањето на податоците на уредот. 

Apple се познати по отежнувањето на можноста властите да дојдат до податоците на корисниците, но сепак се смета дека тие успеваат да најдат начини и покрај тоа. 

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Bleeping Computer
Претходна статијаЗапочна 7. регионална Конференција за е-трговија во Македонија
Следна статијаGoogle Maps ќе добие дополнителни можности за промена на изгледот на иконата при навигација
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.