Сте се довозеле со велосипедот до нов град и треба да стигнете од една специфична продавница која ги продава токму тие патики кои вас ви се допаѓаат. Ја најдовте на мапа, но кога влеговте во гужвата на градот се изгубивте и не знаете накаде точно да возите. Да го вадите телефонот и носите цело време е незгодно бидејќи може да ви испадне, а и веројатно ќе ја потрошите батеријата ако го користите вклучен цело време. Што би дале да имате со себе асистент кој ќе ви каже накаде да возите?
SmartHalo е токму тој асистент. Се работи за уред кој го сместувате на гиданот, кој се поврзува со телефонот и со системот на диоди ви покажува во кој момент накаде да свртите. Покрај оваа функција, тој има сензори за надворешно светло па ако стапне ноќ тој автоматски ги вклучува предните светла кои ви го осветлуваат патот. Дополнително, на него има сензори кои пуштаат сигнал за аларм ако некој проба да го извади од велосипедот.
Кога ќе слезете од велосипедот SmartHalo самиот се исклучува, а неговата кутија е водоотпорна па нема да биде наштетен од дожд или влага. Според производителот тој има батерија која може да му издржи до 3 недели, но останува да видиме дали толку ќе трае со редовно користење. SmartHalo се поврзува со придружна апликација за вашиот телефон преку која се следат најразлични информации како должина на патот, должина на возење, висината на патот, просечна брзина и други.
SmartHalo е Kickstarter кампања, што значи дека неговиот успех зависи од поддршката од колективното финансирање. Сепак, се работи за интересен и корисен проект кој веќе двојно ја надмина границата од потребните 67 илјади долари. За да го нарачате ќе треба да се одвоите од барем 131 долар во овој момент.
Извор: Mashable, The Next Web