Samsung претстави нова генерација од нивните Pro Endurance мемориски картички кои доаѓаат со капацитет од 32, 64, 128 и 256GB. Кога ќе се земат карактеристиките на овие картички јасно станува дека иако може да ги користат и обичните корисници, тие се во главно наменети за користење со камери за видео надзор, камери во автомобили, пред влезна врата и слично.

Две карактеристики ги прават овие картички погодни за својата намена, а тоа е нивната поголема издржливост во споредба со другите картички, како и можноста за долг период на континуирано работење, односно запишување и бришење на податоци.

Pro Endurance мемориски картички се направени да можат да издржат до -25 степени при работа, а доколку само се чуваат, може да издржат и до -40. Додатно, тие имаат посебна заштита од вода, магнети, х-зраци и слично.

Картичката со најголема капацитет, односно 256GB, може континуирано да функционира до 16 години, односно 140.160 часа. Таа со капацитет од 128GB може да функционира до 70.080 часа.

Од Samsung истакнуваат дека корисниците добиваат издржливост која се споредува со 33 стандардни мемориски картички.

Брзината на Pro Endurance исто така не е за потценување, иако тоа не е главната карактеристика на овие картички. Тие можат да читаат податоци до 100MB/s, а запишувањето се прави до 30MB/s кај послабите модели, односно со 40MB/s кај двата појаки.

Од Samsung истакнуваат дека овие брзини се доволни за континуирано снимање до 4К резолуција.

ИЗВОРSamsung
Претходна статијаДигитализацијата е приоритет на младите и мотивацијата да останат во земјата
Следна статијаНово партнерство на УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.