Скопје, 05 Јануари 2022.– Компанијата Samsung Electronics ги претстави своите најнови модели на телевизори MICRO LED, Neo QLED и Lifestyle на најочекуваниот саем Consumer Electronics Show (CES) 2022 година Со значителни подобрувања во квалитетот на сликата и звукот, нови избори за големина на екранот и надграден интерфејс со приспособливи додатоци, телевизорите од 2022 година обезбедуваат визија за „Screens Everywhere, Screens for All“ со реални живи бои, импресивен звук и хиперперсонализирано корисничко искуство.

MICRO LED: Врвно прикажување на екранот

На CES 2022 саемот, Samsung го претстави MICRO LED екранот во три нови големини – 110“, 101“ и 89“, кои благодарение на LED диодите од 25 милиони микрометри нудат најдобар квалитет на слика во својата палета. Покрај хардверските иновации, најновиот  MICRO LED дисплеј поддржува 20-битна длабочина на сиви тонови со над милион чекори на осветленост и нивоа на боја за вистинско HDR искуство. Исто така, изразува 100% DCI и Adobe RGB гама на бои, а заедно со импресивниот дизајн кој овозможува сооднос екран-кадар од 99,99%, обезбедува револуционерни перформанси за најдобро доживување при гледањето на вашата омилена содржина.

Како заклучок, MICRO LED доаѓа со уште подобра функционалност и карактеристики за прилагодување:

  • Art Mode е збогатен со две ексклузивни уметнички дела на познатиот уметник и дизајнер Рефик Анадол.
  • Multi View им овозможува на корисниците да гледаат содржини од четири различни извори истовремено – од која било или од сите четири HDMI порти – во 4K резолуција до 120 FPS.
  • Dolby Atmos обезбедува супериорно аудио искуство со горните, страничните и долните каналски звучници за мултидимензионален звук кој го одзема здивот.

„Со значителниот напредок во технологијата и различните начини на дистрибуција на забава, улогата на телевизијата драстично се промени во последниве неколку години. Со нашата најнова линија на телевизори, на клиентите им овозможуваме импресивно видео и аудио искуство што може максимално да се прилагоди на нивните индивидуални потреби. Без разлика дали сте љубител на филмови, технолошки ентузијаст, гејмер или дури и љубител на уметност, Samsung има најсовремени уреди кои можат да украсат сечиј дом“, изјави Сајмон Сунг , извршен потпретседател и раководител на продажба и маркетинг за Visual Business, Samsung Electronics.

Нова еволуција на телевизори Neo QLED

Новите Neo QLED телевизори испорачуваат некои од најчистите слики со импресивно звучно искуство, сето тоа благодарение на Neo Quantum процесорот со подобрено мапирање на контраст на позадинското осветлување, зголемувајќи го нивото на осветленост од 12 на 14-битна градација за поголема контрола на изворот на светлина. Новите Neo QLED телевизори носат и Real Depth Enhancer, мултиинтелигентен алгоритам за квалитет на сликата, збогатен со иновативниот режим EyeComfort за автоматско прилагодување на осветленоста и тонот на екранот, додека технологијата Dolby Atmos со нови повеќеканални звучници обезбедува динамичен звук од сите агли. Конечно, новите модели овозможуваат и користење на Shape Adaptive Light технологијата, која користи Neo Quantum Processor за анализирање на линии, форми и површини за контролирање на светлината од Quantum Mini LED диоди. Ова го подобрува нивото на осветленост и точноста на сите форми прикажани на екранот, што резултира со извонреден и целосен HDR дисплеј.

Lifestyle телевизори засилени со мат екран

Надградените телевизори Samsung Lifestyle за 2022 година беспрекорно ги комбинираат дизајнот и технологијата за да создадат уникатно и персонализирано корисничко искуство. Овогодинешните The Frame, The Serif и The Sero се подобрени со нов мат екран со својства против отсјај, анти-рефлексија и отпечатоци од прсти што ќе им овозможи на корисниците најпријатно искуство во гледањето на нивната омилена содржина досега. Исто така, The Frame сега доаѓа со поширок опсег на големини на екран од 32” до 85”, како и The Serif кој има нов додаток на опцијата за големина на екран од 65”.

Нов Smart Hub за супериорно корисничко искуство

Во 2022 година, паметните телевизори на Samsung доаѓаат со нов Smart Hub што ги става корисниците во центарот на нивните преференции за гледање и избор на содржина. Корисниците имаат пристап и до новата апликација Watch Together за видео разговор со пријателите и семејството додека ги гледаат нивните омилени серии и филмови, што гарантирано ќе го зближи целото семејство. Функцијата Smart Calibration обезбедува поставки за оптимален квалитет на сликата, а корисниците имаат Basic режим за брзо и лесно калибрирање на екранот во рок од 30 секунди и Professional режим кој ги оптимизира екраните за недопрен квалитет на сликата за околу 10 минути. Гејмерите имаат функција Gaming Hub која носи одлична содржина за стриминг до омилените наслови, додека бројните партнерства со водечките организации во индустријата како NVIDIA, GeForce Now, Stadia и Utomik носат богата база на податоци за наслови на игри. Корисниците кои ја сакаат уметноста можат да ги искористат предностите на апликацијата за NFT платформа во форма на интегрирана, интуитивна платформа за пребарување и купување дигитални уметнички дела преку моделите MICRO LED, Neo QLED и The Frame TV.

Дополнителни опции прилагодени на корисникот

Новите модели на телевизори на Samsung за 2022 година поддржуваат вертикален интерфејс, вклучувајќи платформа Smart Hub и функција Multi View. Апликациите како YouTube и TikTok имаат можност да се пресликуваат и емитуваат во вертикален режим исто како Ambient Mode + и Art Mode, сите со ново ротирачко копче на далечинскиот управувач што им овозможува на корисниците лесно да го ротираат екранот со кликнување на копче.

Поместување на границите со најновиот Soundbar

Soundbar-овите на Samsung за 2022 година добиja технолошки надградби за да обезбедат уште поимпресивно, тридимензионално аудио искуство. Q-Symphony, препознатливото искуство на сараунд звукот е подобрено со дополнителна синхронизација што им овозможува на soundbar-от и ТВ-звучниците уште подобро да се поврзат и да ги вклучат звучниците на горните канали, притоа обезбедувајќи експанзивна, моќна звучна сцена. Доаѓаат и со безжично поврзување Dolby Atmos, поврзување со паметна телевизија со Soundbar каде што екранот и звучниците на soundbar-от за звук обезбедуваат неверојатно аудио искуство без кабли кои пречат.

Беше претставен и новиот HW-S800B Ultra Slim Soundbar, чија главна карактеристика, заедно со тенок дизајн, е моќната репродукција на бас звукот, благодарение на интеграцијата на технологијата на пасивен радијатор со сабвуфер. Со извонредните аудио канали, новиот ултра тенок модел на звучната лента обезбедува навистина моќен звук со длабочина од 1,6”.

За повеќе информации, вклучувајќи слики или видеа за производите што Samsung ги претстави на овогодинешниот CES 2022, посетете ја news.samsung.com/global/ces-2022.

Претходна статијаNvidia ја најави RTX 3090 Ti, нивната моментално најсилна графичка картичка на пазарот
Следна статијаBransys: Новата генерација на иновативни технолошки решенија повторно во живо на CES 2022 во Лас Вегас

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.