Светлата се гасат, мирисот на пуканки ја исполнува просторијата, а вие нетрпеливо го чекате почетокот на филмот. Ѕидовите се осветлени и одеднаш магијата почнува. Тргнувате на волшебно патување со актерите. Следат минути на смеење, напнатост, неочекувани пресврти и расплет кој на крајот на филмот го коментирате со друштвото.

Сè асоцира на кино, но каде точно се наоѓате? Во класично или домашно кино?

Вашиот дом може да биде сè што ќе посакате, простор за себе, за собирање со семејството, журка со друштвото, па дури и кино. Можеби ќе помислите дека ви е доволно само да имате удобен тросед и телевизор, но сепак вистинското искуство и доживување на домашното кино подразбира нешто повеќе.

Што е потребно за феноменално домашно кино?

Домашното кино може да обезбеди уште подобра атмосфера од класичното кино, ако внимателно ги изберете компонентите и направите добар амбиент. Идејата е да имате што поголем екран, подобра слика и јасен звук кој ќе направи да се чувствувате небаре сте во центарот на акцијата.

Со уникатната Samsung Neo QLED технологија, серијата уреди од 2022 година носи бесконечно многу иновации и функции што го прават Neo QLED совршен уред за уживање во филмови и претворање на вашиот дом во домашно кино, но и за уживање во серии, играње на видео игри, работа од дома и многу други активности.

Дека Neo QLED се бескпрекорни во секој поглед говорат и бројните награди кои Samsung ги доби на светски реномираните натпревари. Имено, Neo QLED беше  Techaeris Editor’s Choice за 2022, додека на AVS Forum беше избран за Top Choice 2022. За љубителите на гејмингот потврда дека не постои подобар екран од Neo QLED е наградата на Newsweek Editor’s choice 2022. И секако, додека сме на темата за феноменално домашно кино, Neo QLED може да се пофали со Home Theater Editor’s choice 2022 и Home Cinema Choice 2022.

Технологијата Quantum Matrix ве носи во центарот на дејството доловувајќи ги и најситните детали. Уживајте во кинематографскиот квалитет на сликата со напредната технологија на Neural Quantum 8k -процесор кој користи вештачка интелигенција за да постигне повисоко ниво на контраст и токму затоа сѐ што гледате е кристално јасно. Дозволете си да ве обземе звук на цел еден оркестарот кој како да свири директно во вашата дневна соба со најновата технологија Dolby Atmos® и Q-symphony што го носи доживувањето на највисоко ниво. Покрај најсовремените технички способности, телевизорот Neo QLED 2022 има и дизајн Infinity One. Со црни рабови кои се спојуваат во екранот Infinity, Neo QLED зрачи со елеганција и едноставност.

За доживувањето да биде уште повпечатливо тука се неверојатните звучници Soundbar, кои се синхронизираат со Samsung телевизорот и заедно создаваат богат звук. Го комбинира и подобрува звукот преку предните, страничните и звучниците што го движат звукот нагоре, како и преку звучниците на телевизорот, овозможувајќи нова звучна димензија во која содржината ја доживуваш како никогаш претходно.

Нека вашиот дом биде место каде во добро друштво, ќе поминуваат нереални моменти и че гледате сцени од омилените филмови кои засекогаш ќе ги паметите.

Samsung Neo QLED телевизорите од неодамна се достапни и во Северна Македонија, а повеќе информации за производот ќе најдете на следниот линк: https://www.samsung.com/mk/tvs/qled-tv/highlights/

Претходна статијаHuawei го претстави новиот ултралесен паметен телефон Mate Xs 2, новиот 16-инчен лаптоп MateBook D 16 и други изненадувања
Следна статијаHuawei го претстави HUAWEI Mate Xs 2 – полесен и потенок од кога било