Apple Vision Pro од денеска официјално им станува достапен на корисниците во САД. Од Apple најавија дека корисниците ќе имаат избор од повеќе од 600 апликации кои се специјално развиени за овој „просторен компјутер“, како што сакаат да биде нарекуван.
На овие повеќе од 600 апликации треба да се додадат и повеќе од 1 милиони апликации кои иако не се специјално развиени за уредот, се компатибилни во нивните верзии направени за iPad и iPhone.
Ова значи дека корисниците нема да имаат недостаток на апликации, со оглед на тоа дека се работи за нов уред од компанијата, иако дел од големите компании одбија да направат верзии од своите апликации за Vision Pro.
Еден ваков пример се Netflix кои не само што не направија посебна верзија, како што тоа го направи Disney, туку одбија да ја дозволат iPad верзијата да им биде достапна на корисниците.

Главното внимание секако ќе го привлечат новите апликации, односно тие кои се посебно развиени за платформата. Што тоа значи може да се види од апликациите за гледање на спортски натпревари. Поради големината на просторот кој може да се искористи, корисниците ќе можат да гледаат повеќе натпревари во исто време, а уште поинтересно, до екранот тие ќе можат да ги гледаат статистиките од натпреварот, без да го покријат видеото.
Од Apple продолжуваат да ги истакнуваат сите предности кои ги нуди еден ваков уред, па нивната цела статија можете да ја прочитате тука.