
Паметен часовник од Google не е официјално најавен, па информациите од кој што може да се дојде се само шпекулации и внатрешни информации од анонимни извори. Сепак ако се погледне пазарот не е тешко да се заклучи дека паметните часовници стануваат се повеќе популарни и покрај помалите startup компании, поголемите компании почнаа да се вклучуваат во овој бизнис. Samsung веќе ја претстави втората генерација од својот Gear паметен часовник со претставувањето на Gear 2, Gear 2 Neo и Gear Fit.
Можноста паметниот часовник да биде направен од страна на LG не би било чудно, односно Google веќе го користи овој начин на работа со своите Nexus модели кои што ги прави во соработка со други компании, наместо сам да ги произведува. Конкретно моделите Nexus 4 и Nexus 5 се направени од страна на LG. Според информациите LG нема да биде единствената компанија со која што Google би соработувал за изработката на овој часовник.
Повеќе информации за тоа како ќе биде прилагоден оперативниот систем и какви функции ќе има часовникот сеуште нема, а можната најава на истиот се очекува во Јуни на Google I/O конференцијата.
Извор: The Wall Street Journal
Сликата е превземена од: Digital Trends