Оваа недела во рамките на CES 2022, LG ја претстави новата генерација од нивните познати OLED телевизори. Претставени беа LG G2 и LG C2 OLED телевизорите, кои донесуваат на пазарот неколку подобрувања во споредба со ланските модели, како и доста поголем избор на големина на екраните.

LG е можеби производителот број 1 кога се во прашање OLED панелите, а нив ги користат и останатите производители на телевизори. Ланскиот evo OLED оваа година добива подобрување на главната карактеристика на овој панел, а тоа е јачината на светлината, нешто што е посебен успех на OLED технологијата, како и во прецизноста на боите.

Ова значи дека корисниците ќе ја добијат одличната слика која доаѓа со OLED технологијата, односно контрастот поради вклучувањето на секој од пикселите независно и без заднинско осветлување како кај LED, без некои од критиките кои ги добиваат овие телевизори на сметка на светлината и боите.

Годинешните LG OLED телевизори го имаат и еден од најголемите избори на големина на екранот, па така LG G2 доаѓа со избор од 55, 65, 77 и новата и за првпат кај OLED големина од 97 инчи. Со оваа големина веќе се трга потребата од купување на проектори од страна на корисниците кои имаат домашно кино.

LG C2 доаѓа со избор од, за првпат 42 инчен екран, како и стандардните 48, 55, 65, 77 и 83 инчи.

Како што би се очекувало, новите LG OLED TV доаѓаат и со нова генерација од чипот кој го користат од компанија со што се добиваат подобри перформанси, односно подобра слика, подобар „upscaling“, како и нешто што станува карактеристично за моделите од 2022, мал 3D ефект со додавање на поголема разлика помеѓу објектите и позадината.

webOS 22 е новата верзија од софтверот на кој работат телевизорите кој донесува неколку новини. Корисниците сега ќе можат да направат посебни профили на телевизорот, доколку повеќе луѓе го користат истиот телевизор. Секој профил ќе ги има посебно избраните прилагодувања на сликата, како и апликациите кои најчесто се гледаат, со посебни предлози за содржина за гледање.

Room to room share е уште една интересна новина која овозможува споделување на сликата од телевизорот со друг телевизор во станот преку Wi-Fi. Со тоа корисниците ќе можат да пуштат одреден канал, на пример, од телевизорот на друг кај кој нема приклучено телевизија.

LG не пропушти да истакне дека нивните телевизори се први кога е во прашање гејмингот преку нив со поддршка за HDMI 2.1, G-Sync од Nvidia, а од оваа година и поддршка за GeForce NOW и Google Stadia.

Официјалната презентација од LG на CES 2022, можете да ја погледнете во продолжение.

Претходна статијаАЕТМ: Продолжува растот на онлајн купување од домашните е-трговци – 83,4% раст во првите 9 месеци 2021
Следна статијаSony ги претстави своите нови телевизори за 2022
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.