Скопје, 26 август 2022 година – Серијата Galaxy Z телефони на преклоп на Samsung пристигна во С. Македонија. Последната генерација на револуционерни паметни телефони на преклопување Galaxy Z Flip4 и Galaxy Z Fold4 имаат приспособлив хардверски дизајн, персонализирани функции и подобрени перформанси. Четвртата генерација на серијата Galaxy Z продолжува да ги нарушува конвенциите и нуди нови, моќни интеракции кои го подобруваат секојдневниот живот.

Galaxy Z Fold4 – перформанси идеални за мултитаскинг и забава

Galaxy Z Fold4 го комбинира најдоброто од технологијата, обезбедувајќи функционалност и максимална продуктивност. Се одликува со 7,6-инчен Dynamic AMOLED 2x дисплеј кој овозможува појасна употреба на сите апликации со бројни опции за мултитаскинг. Покрај тоа што е многу практичен за користење, во режим Flex или во состојба на расклопување, овозможува можност да уживате истовремено во различни содржини преку функцијата Multi Active Window и подобри движења на лизгање. Galaxy Z Fold4 има поддршка за S Pen, додека новиот изглед на функцијата Taskbar овозможува полесна координација помеѓу омилените апликации на корисниците. Galaxy Z Fold4 е исто така првиот уред што го користи оперативниот систем Android 12L, специјално изграден за големите екрани на уредите што се преклопуваат. Овој паметен телефон прави неверојатни фотографии и видеа – дури и ноќе благодарение на функцијата Nightography. Ноќниот режим ви овозможува да снимате живописни, високо оптимизирани фотографии, дури и во темница. Можете да дознаете повеќе за уредот на  https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip4/

Galaxy Z Flip4 – моќни карактеристики со компактен дизајн

Овој уред носи одлични можности за персонализација и се прилагодува на сите потреби и желби на корисникот. Се истакнува со префинетиот дизајн, боите и иновативниот механизам за преклопување со потенки шарки кои го прават Galaxy Z Flip4 поудобен, но и посилен. Кога е расклопен, неговиот главен екран Dynamic AMOLED 2x е со големина од 6,7 инчи, а кога е преклопен, го краси насловниот екран од само 1,9 инчи кој дава нови и дополнителни можности. Galaxy Z Flip4 има предна и две задни камери, што носи ново искуство за фотографирање со помош на функцијата FlexCam што ви овозможува да снимате одлични фотографии или видеа без раце под агли помеѓу 75° и 115°. Новата карактеристика е засилената батерија од 3.700 mAh со поддршка за супер брзо полнење, што гарантира дека корисниците можат да го наполнат својот уред до 50% за само 30 минути.

Можете да дознаете повеќе за телефонот на  https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold4/

Овие уреди се достапни по препорачана цена за Z Fold4 од 107.999 денари и Galaxy Z Flip4 од 64.999 денари.

Galaxy Watch5 и Watch5 Pro – паметни рачни  часовници за подобар квалитет на живот

Како дел од екосистемот Galaxy беа претставени и серијата паметни рачни часовници Galaxy Watch5 и безжични слушалки Galaxy Buds2 Pro. Ова се уреди кои совршено ги надополнуваат паметните телефони Galaxy Z Flip4 и Fold4 и носат иновативни опции за неверојатно корисничко искуство. Со фокус на здравјето и подобрување на квалитетот на животот на корисникот, Galaxy Watch5 и Watch5 Pro имаат сензор BioActive кој обезбедува уште подетално следење на активноста и мери оптички пулс, срцев електричен сигнал и анализа на биоелектрична импеданса. Покрај тоа, овие уреди го подобруваат квалитетот на спиењето преку функцијата Sleep Scores, а поиздржливата батерија на двата модели ќе обезбеди подолго користење на часовниците.

Galaxy Watch5 Pro е достапен во титаниум црна и титаниум сива боја, со екран од 45 mm, по препорачана малопродажна цена од 24.999 денари за верзијата Bluetooth и 31.999 денари за верзијата LTE.

Дознајте повеќе за овој уред на  https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch5-pro-black-titanium-bt-sm-r920nzkaeuc/

Galaxy Buds2 Pro – елегантни, функционални и удобни

Galaxy Buds2 Pro се издвојуваат по својот елегантен и ергономски дизајн, и се најудобните слушалки што одговараат на секое уво. Тие обезбедуваат подобар квалитет, подинамичен опсег на звук благодарение на Hi-Fi 24-битната аудио технологија, додека моќниот ANC, т.е. функција која активно го поништува шумот, обезбедува непречено уживање и изведување на сите повици во движење. Galaxy Buds Pro 2 се достапни во Северна Македонија по препорачана цена од 12.999 денари.

Повеќе инфо за слушалките на https://www.samsung.com/mk/audio-sound/galaxy-buds/galaxy-buds2-pro-bora-purple-sm-r510nlvaeuc/

Претходна статијаССК: Потребна е сериозна државна поддршка за справување со енергетското цунами
Следна статијаНова бензинска станица на „Макпетрол“ во Велес