JUMP е уште еден од големиот број не интересни геџети/уреди претставени на годинешниот CES2014 настан, исто така достапен и на Kickstarter каде што веќе ги има собрано потребните средства во вредност од 40.000 долари.
Се работи за уред доволно мал да може да го собере во вашиот џеб кој што е наменет да го замени вашиот полнач за мобилниот телефон или таблет компјутер, но и да ви овозможи дополнително полнење кога сте излезени. Во него има вградена батерија со капацитет од 800 mAh, па секогаш кога ќе се најдете во ситуација да батеријата од вашиот мобилен е при крај, може да ја дополните преку JUMP уредот. Нема да може да ја дополните целосно батеријата, со оглед на тоа што батериите во денешните уредите се со многу поголем капацитет, меѓутоа JUMP ќе ви додаде барем 30%, што е доволно да ги довршите започнатите работи додека дојдете дома или на било која друга локација со пристап до струја. За да не мислите дали батеријата на JUMP е наполнета, истиот е наменет да го замени вашиот полнач, па секогаш кога го полните вашиот уред, се полни и батеријата на JUMP.
[showcase id=”3421″]
JUMP доаѓа поврзан со два кабли, USB од едната страна, наменет за вклучување во лаптоп или штекер за полнење на уредите и micro USB или Lightning кабел од другата страна за полнење на вашиот уред. Каблите се замотуваат околу JUMP на посебно предвиденото место, па истиот ја добива својата мала големина, што го прави погоден за носење во вашиот џеб.