Apple стандардно ги „освежува“ своите уреди во неколку периоди во годината, зависно од уредот, а за што е тоа што може да се очекува можевме да прочитаме повеќе шпекулации.
Сега слободно може да се каже дека шпекулациите се потврдени, па ги имаме сите уреди кои ги планираат од компанијата во месеците што следат. Оваа листа е повеќе интересна поради тоа што не се работи само за класични нови верзии од MacBook компјутерите или од iPad, па има неколку на кои се чекаше изминатите години.
Листата со производи е откриена преку код кој е објавен јавно, што значи може да се каже дека Apple самите ги потврдија уредите кои ќе ги претстават.
Тоа што се планира да биде претставено се нови HomePod mini, Apple TV, Apple Studio Display 2, iPad mini, iPad, Apple Vision Pro, а ги има и новите Apple Watch уреди.
Посебно внимание во листата привлекува новата генерација од Apple Studio Display, мониторот од Apple кој беше претставен уште во 2022 година и од тогаш нема добиено нова верзија, иако држи доста висока цена.
Втората генерација од Studio Display се очекува дека ќе дојде со mini LED технологија, нешто што ќе направи огромна разлика во квалитетот на сликата, односно во контрастот.
Според кодот, можно е да бидат претставени две верзии од овој екран, што значи дека изгледа ќе има две големини или различни карактеристики.
Претставувањето на сите овие нови уреди ќе започне од септември со претставувањето на iPhone 17 серијата, а се очекува дека ќе „трае“ се до идната пролет.