Фото: Генерирано од Copilot

Уште нема никакви знаци дека воопшто наскоро би виделе вакви уреди од Apple, но сепак досегашното искуство покажува дека кога има доволно голем број на шпекулации, обично тие се точни. 

Како и да е, досега се најавуваа два вида на уреди на преклоп од компанијата, еден iPhone и еден поголем, односно iPad или Mac на преклоп

Според информациите, развојот на поголемиот уред на преклоп е ставен на пауза, а може и да биде откажан, додека може да продолжиме да очекуваме дека ќе биде претставен iPhone на преклоп. 

Причините за паузирањето на развојот се верува дека се такви како потешкотии при производството, поголеми трошоци, а на крајот и најважното, помалата популарност на ваквите уреди кај корисниците. 

Од друга страна, iPhone кој може да се претвори во мал таблет компјутер би го привлекло вниманието на повеќе корисници, а популарноста на ваквите уреди може да се види и од конкурентите кои веќе ги претставуваат нивните поодминати генерации. 

iPhone на преклоп останува како очекување за идната година, па ќе видиме дали навистина Apple ќе влезат на овој пазар, а и дали навистина тие ги имаат надминато некои од недостатоците кои ги гледаме кај конкурентите. 

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаFaceTime ќе го паузира повикот доколку биде забележана голотија
Следна статијаДве години по претставувањето Threads од Meta доби поддршка за директни пораки
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.