Фото: Apple

Apple Vision Pro уредот останува не баш успешен производ, но доста добар показател за технологијата која се способни да ја развијат од компанијата. Уредот засега е доста скап, а батеријата која е посебно поврзана и треба да се носи во џебот, на пример, трае само неколку часа, па јасно е дека некоја идна верзија ќе биде доста поуспешна. 

Vision Pro во текот на вчерашниот ден, заедно со новите MacBook Pro и iPad Pro верзии, доби надградба со новиот М5 чип. 

Од компанијата најавија дека уредот добива и ново, поудобно ремче, но во главно повеќето новини доаѓаат поради новата верзија од системот, visionOS 26.

Фото: Apple

Батеријата сега треба да трае нешто повеќе, во главно и поради новиот и поефикасен М5 чип, но Vision Pro повторно може да издржи околу 2 до 3 часа користење, што го остава во категоријата на концепт производ, наместо навистина користен и практичен. 

Со вградувањето на М5 чипот, корисниците добиваат подобрување на перформансите, а со тоа и подобра работа на сите делови од уредот, како и доста подобра графика. 

ИЗВОРApple
Претходна статијаApple го претстави iPad Pro со новиот М5 чип
Следна статијаMeta го откажува развојот на нивните десктоп апликации од Messenger
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.