Слика од Gerd Altmann на Pixabay

Додека го гледаме почетокот на имплементацијата на петата генерација на мобилни мрежи, односно 5G, која ќе биде најмногу распространета од идната година, веќе се почнува со размислување, што после ?

Наредната, односно шестата генерација или 6G, не се знае кога би започнала со развојот, а уште помалку кога можеме да ја очекуваме. Сепак, неколку истражувачи од Jacobs University Bremen во Германија веќе размислуваат на оваа тема и го даваат своето мислење за што е тоа што ќе донесе и ќе дојде со 6G мрежите.

Според нив, шестата генерација ќе овозможи уште поголеми брзини од 5G. Тие брзини ќе бидат огромни со оглед на фактот што веќе и 5G може да ги замени жичаните мрежи со својата брзина и намалена латенција.

Покрај брзините, односно способноста за проток на голем број на податоци со мало задоцнување, 6G ќе овозможи дополнително зголемување на бројот на конекции во исто време, нешто што исто така е значително подобрено со 5G.

Подобрувањата во 5G мрежите ќе го овозможат функционирањето на се поголемиот број на поврзани уреди кои веќе не ги вклучуваат само компјутерите и мобилните уреди. Тука се и уредите од Интернет на нештата, а полека поврзани стануваат и автомобилите и слично.

6G сето ова ќе го однесе на наредното ниво. Според професорите од Jacobs University Bremen наредниот чекор во развојот ќе биде поврзан со Вештачката интелигенција и протокот и анализа на огромни податоци.

Сето ова ќе се најде како корисно, на пример, за поврзувањето на автономните автомобили во градовите, нешто што во не толку далечна иднина ќе стане реалност, а посебно во некои од најразвиените градови во САД.

Овие автомобили ќе им биде потребна стабилна, брза мрежа со мала латенција, за да можат да комуницираат помеѓу себе, да го планираат патот на движење и слично.

Ова секако е логичен заклучок од страна на професорите. Што се однесува до потребата на луѓето и нивното „сурфање“, може да се каже дека тоа е задоволено уште со моменталната 4G технологија, додека 5G го носи сето тоа на наредното ниво и ги овозможува се поголемите потреби од стриминг на содржина.

Она што останува за иднина е задоволување на потребите од дополнителниот развој на технологијата, каде луѓето нема директно да бидат вклучени, односно како пример со автономните возила, вештачката интелигенција е таа на која ќе и биде потребната добрата интернет конекција.

ИЗВОРMIT Tech Review
Претходна статија„Гласот на Охридското Езеро“ ултимативен „саундтрак“ за езерските длабочини и за повеќе свест за негова заштита
Следна статијаHuawei Mate X се ближи до датата на пуштање во продажба
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.