Кинеските производители продолжуваат со „натпреварот“ за технологија за брзо полнење на мобилните уреди. Xiaomi веќе нуди телефони со 120W брзо полнење, односно 50W безжично полнење, а тука се и Oppo кои ја претставија нивната технологија за полнење со 125W, односно 65W безжично.

Xiaomi оваа недела ја претстави својата технологија за брзо безжично полнење, а таа ги надминува повеќето полначи со кабел кај достапните модели од конкурентите. Оваа технологија работи со 80W и овозможува навистина големи брзини на полнење, иако се работи за безжичен полнач.

Според најавата од Xiaomi, 80W Mi Wireless Charging технологијата може да наполни батерија со капацитет од 4.000 mAh 10% за само 1 минута, до 50% за само 8 минути, а целиот капацитет, односно 100% за 19 минути.

Ова е клучно додека чекаме да бидат претставени нови генерации на батерии на пазарот кои ќе траат нешто повеќе барем од сегашните и кои ќе овозможат барем еден цел ден без потреба од нивно полнење, ако не повеќе.

До тогаш, што побрзо можеме да ја наполниме батеријата, нејзиниот капацитет нема да биде толку проблем. На пример, ако батеријата ја полниме отприлика кога ќе стигне до 30%, истата за само 10тина минути на ваков полнач, ќе ја донесеме до 80%, што е и повеќе од доволно за пред излегување.

Сепак, ваквите технологии не доаѓаат без негативна страна. Брзото полнење, а посебно безжичното, прават да батеријата има пократок „животен“ век, па може да се каже дека уредите со вакви полначи би одговарале најмногу за корисниците кои прилично често купуваат нов телефон, односно телефонот го чуваат до година и нешто максимум.

ИЗВОРXiaomi
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаHUAWEI P smart 2021 пристигна на македонскиот пазар со quad камера, стилски дизајн и батерија од 5000mAh
Следна статијаМакпетрол со совети за есенско возење – подгответе се за сезоната на дождови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.