Кинеската компанија Oppo, позната по претставувањето на некоја нова технологија пред истата да биде достапна во некој официјален производ, оваа недела претстави нови полначи кои ќе направат да стагнацијата на технологијата на батериите, не биде важна.

Новиот адаптер, односно полнач од Oppo доаѓа со 125W, што го прави најбрзиот полнач моментално претставен на пазарот. Со овој полнач, мобилен телефон со батерија со капацитет од 4.000 mAh ќе може целосно да се наполни за само 20 минути.

Уште поважно, за ситуациите кога имаме заборавено да ја наполниме батеријата, па немаме многу време пред да треба да излеземе, за 5 минути овој полнач може да наполни дури 41% од оваа батерија, односно батерија со капацитет од 4.000 mAh.

Овој полнач е направен со нова технологија која овозможува заштита од прегревање, а секако, за да може да се користи ќе мора да се користи и компатибилен телефон со соодветно прилагодена батерија. Тоа значи дека не може само да се купи овој полнач и да се користи на некој моментално достапен телефон, барем не со полниот капацитет од 125W.

Покрај овој полнач, Oppo го претстави и својот нов AirVOOC безжичен полнач кој може да полни со 65W. Доколку го погледнете капацитетот на полначот на вашиот мобилен, ќе забележите дека тој е до неколку пати послаб од AirVOOC.

Полнењето на батерија со капацитет од 4.000 mAh со овој безжичен полнач ќе може да се прави за само 30 минути, а од Oppo истакнуваат дека и овој полнач доаѓа со заштита од прегревање и други потенцијални проблеми кои може да се јават.

Oppo, инаку компанија сестра на Vivo, OnePlus и Realme, претстави и уште два помали полначи со 50 и 110W.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2PhoneDog
Претходна статијаСкоро две третини од Македонците редовно користат бесконтактни картички
Следна статијаСтав на МАСИТ за проблемите со софтверот за изборниот процес
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.