Wurf-Feet_0068-small

Тие од нас кои работат стоечки барем дел од времето веројатно се сретнале со неудобноста на стоењето во место. Една работа е чекорењето, а друга е стоењето во фиксна позиција која често знае да создаде измореност на грбот и нозете и болки. Ова се случува поради „заклучувањето“ на мускулите и коските во позиција која не се менува подолго време.

Досега немаше решение за овој проблем, но изгледа дека само што се појави. Се работи за Wurf Board, даска која ветува дека ќе ви помогне да не ги добивате овие неугодности додека работите на стоечкото биро.

Wurf Board е даска направена од поливинил-хлорид (ПВХ; PVC) на кој може да се префрла тежината од едно на друго место поради начинот на кој е задржан воздухот во неа. Имено, се работи за еден вид на балон кој можете да го притискате, а со тоа го префрлате воздухот под левото или десното стапало. Површината под нозете оневозможува фиксирање на истите, па со тоа форсира постојани микродвижења во текот на денот.

Од компанијата дури имаат и неколку микровежби кои се прават по неколку минути кои пак ќе ви помогнат да се релаксирате, да го подигнете нивото на активност и концентрација и да ја намалите болката во нозете и грбот.

Wurf Board ветува дека ќе издржи години секојдневна употреба, а на неа можете да стоите боси или со чевли (но, секако, не поддржува штикли). Ако ви изгледа како интересен производ, тука е Kickstarter кампањата преку која ќе можете да нарачате една од трите големини за 95, 115 или 140 долари. За жал, транспортот е само до САД, В. Британија, Канада и Австралија.

Извор: Mashable, Kickstarter: WurfBoard

Претходна статијаТинејџерите не можат да распознаат реклами од вистински Google пребарувања
Следна статијаGoogle досега има тргнато повеќе од 440.000 линкови врз основа на европското право да бидете заборавени