google-results-1

По одлуката на Европскиот суд за правда минатата година, жителите на Европската Унија добија право да побараат од некој од интернет пребарувачите отстранување на линкови кои што водат до веб страни кои што тие ги сметаат за застарени, веќе неважни и кои што можат да го нарушат нивниот углед.

Со оглед на популарноста и процентот од пазарот на пребарувачи, Google е главната компанија кон која што ќе биде насочено вниманието за ваквите случаи. Тие минатата година почнаа да постапуваат по ваквите барања, па оваа недела го имаме и првиот извештај.

Вкупниот број на барања кои што ги има добиено Google изнесува 348.085 и тие се однесуваат на 1.234.092 линкови. Од оваа бројка, Google има позитивно одговорено, односно има отстрането 441.032 линкови од нивните резултати од пребарувањата, а има одбиено 608.169 линкови. Останатите барања, односно линкови се’ уште се разгледуваат.

google-url-requests

Да потсетиме, отстранувањето на линковите од резултатите од пребарување не ги брише и страните каде што е објавена од одредена вест. Европскиот закон, како што и би се очекувало, овозможува само тргање на веста од можноста да биде прикажана преку интернет пребарувач, односно Google.

Жителите на Европската Унија можат да ги поднесат своите барања преку посебен веб формулар овозможен од Google, по што тој се разгледува и одобрува или одбива од страна на компанијата. Од таму истакнуваат дека тие имаат посебен сектор кој што работи на разгледување на барањата.

Google во својот извештај исто така истакнува и неколку примери каде што има одлучено позитивно или негативно на барањето. Па така, позитивно е одлучено по барање за отстранување на линк до вест која што се однесувала за претходно отстранување на одредена вест.

Исто така, позитивна одлука е добиена и за барање за тргање на линк кој што водел до вест за осудување на човек од Белгија, кој што има поминато години во затвор, по што обвинението е побиено, а тој ослободен.

Има и примери каде што од Google негативно имаат одговорено на барањето. На пример, одбиено е барањето за тргање на линк за криминални активности на политичар кои што се случиле пред повеќе години. Како што истакнува и самиот европски закон, не треба да се одобруваат барања за линкови кои што се однесуваат на информации од јавно значење.

Уште еден пример за одбиено барање е тоа на одреден свештеник кој што бил осуден и избркан од црквата за поседување на слики со сексуална содржина.

Овој закон на Европската Унија дефинитивно е од оние кои што се дискутабилни. Без разлика на објавената информација, главната предност која што ја донесе интернетот е отвореноста на информациите и лесното практикување на правото на слободен говор. Дали во одредени ситуации е оправдано да може да се тргне можноста да бидат најдени одредени информации, ќе покаже времето.

Сепак, останува главното правило. Кога нешто е поставено на интернет, тоа не може да биде отстрането и скриено. На тоа треба да се додаде дека тргањето на линковите од овој закон се однесува на европските страни на Google, па тие можат лестно повторно да бидат најдени преку другите верзии.

Извор: Google

Претходна статијаWurf Board ќе ви го олесни работењето на стоечко биро
Следна статијаЧленовите на Windows Insider програмата, отсега ќе може да помогнат и со дизајн на нов уред
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.