Бигелоу Аероспејс BEAM модул
Бигелоу Аероспејс BEAM модул
Бигелоу Аероспејс BEAM модул

Компанијата Bigelow работи на создавање на Бигелоу проширувачки модул за активности (Bigelow Expandable Activity Module; BEAM) кој имаат во план да го лансираат во земјината орбита во 2015. Одличната вест е што НАСА има постигнато договор со Бигелоу за да го прикачат модулот за друг модул на Меѓународната вселенска станица МИР со цел да се тестира дали радиактивното зрачење внатре во овој модул во споредба со стандардните е доволно безбедно за човечки активности.

Ваквиот модул треба да тежи 1.360 кг и да има дијаметар од 3,2 метра. Него во орбитата треба да го качи SpaceX Dragon 9 ракетата со тоа што ќе биде во ненадувана состојба и ќе може лесно да се смести во истата. Неговата површина е цврста и има слој од кевлар кој ќе спречи два главни проблеми во вселенските патувања: сончевото зрачење и микрометеоритите кои патуваат побргу од куршум.

Инаку Бигелоу е приватна компанија која се бави со вселенски истражувања. Таа досега има лансирано два сопствени сателити во земјината орбита, Генеза 1 и Генеза 2. Нивната мисија е да ги испитуваат условите за оперирање на ваков надувувачки модул во ниска земјена орбита. Тие воедно организираат летови во земјината орбита и останување одредено време. Ако моментално имате 26 милиони долари за летот и дополнителни 25 милиони долари за двомесечен престој на Алфа станицата, можете да ги исконтактирате за да договорите ваша прошетка низ вселената.

Извор: CNet, Bigelow Aerospace, AmericaSpace

Претходна статијаNASA ја истражува можноста патувањата до Марс да бидат во состојба на хибернација
Следна статијаПретставена нова верзија на Skype за десктоп, го унифицира искуството низ сите уреди